Број 3154  понеделник, 07 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Винарските визби збеснаа по „смедеревка“, до лани не ја мирисаа

Лозарите се жалат дека иако белото грозје се бара, сепак, тоа не може да ја достигне ланската цена од девет денари

Александрија Стевковска

Белата сорта на грозје „смедеревка“ годинава е најатрактивна за откуп од страна на винарските визби, за разлика од претходните години кога за неа немаше никаков интерес. Минатогодишната незаинтересираност за оваа некогаш најзастапена сорта грозје во лозовите насади доведе до ископачување на големи површини „смедеревка“. Лозарите, сепак, се жалат дека иако белото грозје се бара, тоа не може да ја достигне минатогодишната цена од девет денари.

Годинава помош во откупот на грозјето се најавува од Србија, чии винарски визби, кои немаат сопствено производство на грозје, според српските медиуми, ќе преземат околу 16.000 тони грозје. Најавата за побарувачка на нашето грозје од страна на северниот сосед доаѓа поради недоволниот род на грозје во Србија. Имено, тамошните лозари најавуваат дека годинава ќе соберат околу 350.000 тони грозје со одличен квалитет, а и винарите најавуваат дека виното ќе се памети по годинашната берба, меѓутоа, иако родот е добар, тој е и недоволен, бидејќи има се' повеќе запуштени лозови насади. Токму тоа е причина што српските винарски визби планираат увоз на грозје од Македонија.

„Во тек е бербата на ’смедеревката‘, но за неа иако првично имаше најави дека визбите се заинтересирани да ја откупуваат, сега интересот е спласнат, па веројатно дел од оваа сорта грозје ќе остане неоткупен. За преземање на црвените и црни сорти грозје, пак, воопшто нема интерес. Освен што нема побарувачка, годинава и цената на винското грозје е намалена, што ќе значи катастрофален завршеток на оваа откупна сезона“, вели Љупчо Аризанов од кавадаречкото здружение на лозарите „Агротиквешија“.

Од ова здружение обвинуваат дека винарските визби прво ги натерале да ја ископачат „смедеревката“, а сега ја бараат за откуп. Тие изминативе две години на местото на ова нискоквалитетна сорта грозје по препорака на винарските визби и Министерството за земјоделство засадиле висококвалитетен „вранец“, кој до оваа година беше многу барана сорта.

„Годинава, кога ’вранецот‘ е застапен со 20 отсто повеќе од ’смедеревката‘, винарските визби откупуваат само нискоквалитетно бело грозје. Црното висококвалитетно скапува на плантажите, оти никој не е заинтересиран за него“, велат од „Агротиквешија“.

Според винарските визби, главна причина за поголемиот интерес за „смедеревка“ е во фактот дека од минатата година се натрупаа големи резерви црвено вино, ��оради што годинава има многу мала заинтересираност за црвените сорти грозје. Оваа сезона актуелни се белите вина, но „смедеревката“ се откупува и за мешање со другите сорти грозје. „Оваа година голем е родот на ’вранецот‘, а големи се и резервите од ова вино од минатата година, поради што некои визби повеќе се заинтересирани за ’смедеревката‘, отколку за другите сорти грозје“, потврдува Зоран Даневски, сопственикот на агрокомбинатот „Џумајлија“.

Сепак, според него, последниве години лозаро-винарскиот сектор е турнат во бездна, поради неизградениот бренд на македонското вино и поради јаката конкуренција на вина од Шпанија, Италија, од Аргентина.

„Сите тие вина на пазарот можат да се најдат по екстремно ниски цени, кои нас не' исфрлаат од игра. Сега македонските винарски визби се обидуваат да се пробијат на пазарите преку продажба на флаширано вино, но тој процес оди многу бавно и бара многу време, пари, заеднички маркетинг на визбите“, додава Даневски.


#
Статијата е прочитана 1164 пати.

Испрати коментар

Од: Mene do Vas
Датум: 29.09.2009 08:16:01
0,7 l flasha (tetrapak) vino e od 5 € pa nagore (žglj klasa), a rakija 40% 0,7 l 25€ pa nagore vo EU drzava.
Од: Nas do Tebe
Датум: 29.09.2009 09:59:43
Od mene do Vas nemoj da lazes bez veze. Prva liga vino od Bugairja ili Cile vo flasa vo EU cini 2,2EUR. Tetrapak lit ima i za 0,50EUR. Nasite vizbi go derat narodot so ceni od 7 do 15EUR za flasa od odvratno vino so 0 kvalitet.
Од: AK - Струга
Датум: 29.09.2009 11:25:18
@ Mene do Vas - Не тропај, од лично искуство ти кажувам дека просечни чилеански и калифорниски вина по супермаркети во Италија чинат во просек €2, со подобра амбалажа него нашите вина. Првин провери, после тропај!!!
Од: toni
Датум: 29.09.2009 12:15:14
Кога винариите ке ја направат иста ценат на виното со цената на пивото ,односно еден литар пиво да е исто со еден литар вино тогас ке може да се разговара за поголема домашна потрошувачка.За тоа да се постигне државата треба данокот на виното да го намали од 18% на 5% и винариите да одат малку со помала заработувачка па тек тогаш да разговараме за продажба на виното.Од 1 кг, грозје се прави 0,7 л, вино па како може 1 кг,смедеревка да е 6 денари а 1 л. вино смедеревка да е 70 денари.Нека се преиспитаат државата и винариите до кога ке се полнат нивните џепови на сметка на лозарите .Да не се залажуваме дека има многу грозје па сега дај ке удриме по народот.Овој народ знае да работи и кога веке ке му дојде преку глава тогаш и винариите ке немаат суровина за правење на вино.Да не заборават дека порано во Тиквешијата се одгледуваше памук .па пиперки а сега лојзе па ако народот нема сметка од лојзето тогаш ке сади друга култура и тогаш винариите ке даваат цена но ке нема суровина .
Од: bobby makedonski
Датум: 29.09.2009 14:17:55
Edno da se razberime.Naseto vino kako flasirano vino ne ke ima sansa vo svetot.Zosto Eve vaka...Seraspravam so vinovo Kanada,kako profesija,kako rabota.Letovo bev Mkd i probav sekakvo vino makedonsko flasirano.Moe mislenje e naseto vino e i nekvalitetno i preskapo ne samo za nasiot pazar tuku i za stranskiot.Za $12 shishe vo Kanada ke kupis bas poubavo vino od Chile ili Australija ili Argentina.Atolku kosta edno shishe vino od Bovin vo Mkd.Ada ne go zaboravime makedonskiot standard....Se e farsa okolu naseto vino dragi moi makedonci.Naj iskreno.

Најди! во Утрински
Македонска верзија
Македонски состојби
Манчо Митевски
Поглед
Гордана Дувњак
Мислења
Илија Димовски
Мислења
Интервју
Слаѓана Тасева од „Транспарентност-нулта корупција“

Тројца пациенти во критична состојба
Пекол во ноќниот клуб во Перм
Ќе остане ли обиколницата без возила?
Од Кјото до Копенхаген
Како до економија со зелена технологија