Број 3126  среда, 04 ноември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Хроника

Битолски адвокат загина во сообраќајка

БИТОЛА - Познатиот битолски адвокат Томислав Крушаровски (60) загина во сообраќајна незгода, откако со своето „пежо 106“ излетал од коловозот. Несреќата се случила завчеравечер, околу 21 часот, на излезот на Битола кон Охрид, кај мостот во близина на бензинската пумпа „Лукоил“. Како што информираше битолската полиција, до несреќата дошло кога од засега неутврдени причини Крушаровски, обидувајќи се да премине друго возило, на критичното место изгубил контрола и излетал од патот. Потоа неколкупати возилото се превртело. Крушаровски од здобиените тешки телесни повреди починал на самото место. Врз мртвото тело ќе се врши обдукција. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 2622 пати.

Испрати коментар

Од: Данко
Датум: 04.11.2009 03:32:57
Многу ви е симпатична последната реченица: „Врз мртвото тело ќе се врши обдукција“. Просветете ме кога врз живо тело била узвршена обдукција!? И зошто мора да ја препишувате таа глупава полициска терминологија? И зошто мора да се каже дека ќе биде извршена автопсија? Па автопсија се прави и при природна смрт, а не при несреќа! Размислете и размислувајте малку.

Најди! во Утрински
Хроника
Седумгодишно дете претепано до смрт
Врховен суд ја потврди казната на ексдиректорот на ОХИС, Јорго Ќука
Половина месец притвор за Тренковски и за Огненовска