Број 3126  среда, 04 ноември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Хроника

Врховен суд ја потврди казната на ексдиректорот на ОХИС, Јорго Ќука

Ќука е осуден поради злоупотребите при заложувањето на дел од акциите на компанијата за да биде земен кредит; од неговото апсење

Веста на телевизија Сител објавена во ударниот термин на вестите дека Врховниот суд ја укинал казната на ексдиректорот на ОХИС Јорго Ќука предизвика големо изненадување. Но, искрата надеж на осудениот, неговото семејство и на бранителите дека целиот судски процес се враќа на почеток траеше многу кусо, затоа што од Врховниот суд вчера ја демантираа објавената информација како комплетно неточна. Извори на „Утрински весник“ од судот тврдат дека пред две недели навистина е донесена одлука, но со неа е потврдена затворската казна од три и пол години.

Претседателот на Врховниот суд, Јован Вангеловски, вчера единствено ни потврди дека не е точна информацијата на Сител, без да навлегува во содржината на одлука. Тој во свој стил ја повтори истата реплика што ја користи во слични ситуации, а тоа е дека „се' додека одлуката не се напише и потпише од судиите, се смета како да не е донесена, бидејќи секогаш постои отворена можноста некој предмет да биде пререфериран“.

Во почетокот на јуни минатата година, Апелациониот суд во Скопје за една година му ја намали затворската казна на ексдиректорот на ОХИС Јорго Ќука, осуден поради злоупотребите при заложувањето на дел од акциите на компанијата за да биде земен кредит. Поранешниот прв човек на скопската фабрика наместо 4,5 години, колку што му пресуди Основниот суд Скопје 1 на 30 октомври 2007 година, ќе треба да одлежи една година помалку.

На раководителот на правната служба на ОХИС, Благоја Гичев, кој беше осуден на две и пол години затвор, казната му е намалена за шест месеци. На другите обвинети во случајот, кои беа осудени на условни казни, Апелација им ги потврди пресудите. (Г.Д.-Љ.С.)


#
Статијата е прочитана 1656 пати.

Испрати коментар

Од: borce
Датум: 04.11.2009 01:18:51
koga ednach vlasta i finansiskata policija ce gi otvorat ocite za kriminalot vo A D G Mavrovo napraven od strana na bivchiot direktor za koj do denes nichto ne e prezemeno.Se chto beche od ovaa zlatna firma si prefrli na negova firma Mavrovoinginering povece rabotnici ostavi na ulica bez plati e ne platen doprinos za penzisko.
Од: читателка
Датум: 04.11.2009 09:27:11
Да се преиспита казната за правникот Благоја Гичев, човекот воопшто не е крив, кадее казната за раководителката на финансовата служба, што е пологично?
Од: gv
Датум: 04.11.2009 10:46:46
Toj ne se zadolzuval na sebe ,tuku da obezbedi rabota na vrabotenite ,plata,pridonesi,danoci i dr.A toj se osuduva .Sega Ohis vo koja sostojba se navogja ,dali ima rabota ,plati ,danoci i dr.Sramota.

Најди! во Утрински
Хроника
Седумгодишно дете претепано до смрт
Половина месец притвор за Тренковски и за Огненовска
Битолски адвокат загина во сообраќајка