Број 3392  понеделник, 27 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Забава

БОНО ВОКС

Хуманитарецот дел од финансиска измама?

Хуманитарната фондација „Уан“ на фронменот на составот „Ју 2“, Боно Вокс, се наоѓа под притисок на медиумите и можна истрага поради сомневањата дека познатиот хуманитарец учествувал во финансиски измами. Имено, непрофитната организација, која собира парични прилози и за време на концертите на групата, во 2008 година исплатила само 118 илјади долари во хуманитарни цели, што е прилично мал дел од собраните 9.800.000 долари, пишува „Њујорк пост“.

Според наведувањата на споменатиот весник, потрошени се повеќе од 5 милиони долари на високи плати на неговите вработени, како и купување подароци за државниците при посетите во нивните земји. Тој податок е уште почуден ако се земе предвид дека овие подароци најчесто претставувале симболични ситници, како што се чашки или бележници. „Примарна цел на организацијата е подигнување на свеста на човештвото за проблемот со популацијата. Финансиската помош не е во прв план“, кажа портпаролот на организацијата „Уан“, Оливер Бастон, бранејќи се од нападите на медиумите. Тој додава дека во организацијата владее транспарентност, а гласиштата за високите плати се обична глупост.


#
Статијата е прочитана 830 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Се омажи министерката Јанкулоска
Победи Ања Ветерова
Експресно и лесно






Bulgarians proud to see one of their own as president of Brazil
Sports and aid part of first regatta around Africa
Elections in Bosnia promise little change