Број 3392  понеделник, 27 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Забава

Експресно и лесно

Ви предлагаме рецепти што ќе ви овозможат да ги задржите новите навики - малку калории и многу салати

Пред некој ден започна есента, но се' уште е топло и пријатно. Ваквото време ни ги смени навиките во исхраната - сетете се, целото мени ни се базираше врз салати, лесни јадења и многу течности. Со цел овие летни новостекнати навики да ни станат дел од животот, нов начин на исхраната, ви предлагаме рецепти што можат да го освежат вашето мени.

Салата од печени пиперки

Потребно е: 2 црвени пиперки, 2 жолти и 2 зелени, 3 лажички маслиново масло и една лажичка сок од лимон, 8 тенки парчиња шунка, сол и пипер.

Пиперките испечете ги и излупете ги, а подоцна исечете ги на широки ленти. Зачинете со лимонов сок и масло и оставете да се излади и ставете ја шунката.

Пиперки полнети со телешко

Потребно е: 4 црвени пиперки, малку печено или варено телешко месо, 20 гр ориз, 1 коцка супа, 1 голема главица лук, 1 лажица масло, 1 лажица сос од домат, сол и пипер.

Оризот сварете го во супата. Исчистете го лукот, испржете го и ставете на плех. Ситно исечкајте го месото и ставете го во плехот, додајте ги сокот од домати и оризот. На пиперките исечете им го горниот дел и варете ги 5 минути и штом се оладат, наполнете ги со месото и повторно поклопете. Ставете ги врз лукот и печете 35 минути.

Мирисна салата

Потребно е: 100 гр листови од разни видови салати, 100 гр ситни домати, 1 црвена пиперка, 1 црвен грејпфрут, 1 лажица лимонов сок и 3 лажици маслиново масло.

Ставете ги сите видови салата во цедилка и повремено протресувајте за да излезе што е можно повеќе вода. Потоа доматите исечкајте ги на парченца и отстранете ги дршките, преполовете ја пиперката и исечкајте ја на делчиња. Излупете го грејпфрутот, раздвојте ги кришките и извадете ги семките. Правете го тоа над чинијата во која ќе биде салатата за да се собира сокот што истекува од овошјето. Тука додајте лимонов сок и сол, па мешајте со виљушката додека солта не се стопи целосно. Додајте масло, помешајте со помош на две виљушки и служете веднаш.

Мексикански гулаш од риба

Потребно е: еден килограм риба, една главичка кромид, 2 чешниња лук, 4-5 домати, половина шолја сок од домати, китка магдонос, сол, црн пипер, масло.

На малку масло се продинстуваат ситно исечканите кромид и лук, потоа се додаваат излупени и исечкани домати, сок од домати и сето тоа се динстува 15 минути, со повремено мешање. Потоа се додава рибата исечена на парчиња и се вари од 30 до 40 минути. Пред крај се зачинува со сол и со црн пипер, според вкусот.

Пилешко со ѓумбир

Потребно е: 1 пиле, 3 главички кромид, 3 домати, 2 чешниња лук, 1/2 китка магдонос, 2,5 дл суво бело вино, 6 лажици маслиново масло,1 лаворов лист; 1 гранче рузмарин, сол, свежо мелен црн пипер и парче сварен ѓумбир

Измиените домати прелијте ги со зовриена вода за лесно да ги излупите. Исцедете ги и исечете ги на коцки, притоа вадејќи ги семчињата. Исечкајте кромид. Пилето исечете го на помали парчиња, истријте го со сол и зачинете со црн пипер. Загрејте 4 лажици масло и пржете парчиња пилешко на средна температура. Вртете ги од сите страни за да добијат боја. Извадете го месото и истурете го маслото на што сте го пржеле. Во истиот сад налејте 2 лажици свежо масло, па во него пржете го кромидот. Во меѓувреме излупете го лукот и исечкајте го со магдонос. Додајте го во кромидот и пржете колку да замириса, па веднаш додајте го пилешкото. Залијте со вода. Лаворот и рузмаринот, исто така, додајте ги во пилешкото. Посолете и зачинете со црн пипер. Кога ќе проврие, покријте го, намалете ја температурата и динстувајте 25 минути. Потоа замешајте домат и половина лажица ѓумбир. Продолжете да динстувате непокриено околу 10 минути, додека сосот не се згусне.

Лесна салата

Потребно е: 150 г слануток, 100 г грав, 300 г компири, 150 г грашок, 2 домата, 2 мали главички кромид, неколку ливчиња босилек, вински оцет, 3 лажици маслиново масло, сол, црн пипер.

Сланутокот и гравот нека отстојат во вода преку ноќ. Утредента исцедете ги и сварете ги секој посебно. Исто така, посебно сварете ги грашокот и компирот, кој потоа се лупи и се сече на крукчиња. Измиените и исчистени домати исечете ги на парчиња, а кромидот на тркалца. Помешајте ги изладениот слануток и гравот, па примешајте го останатиот зеленчук. Направете сос од масло, оцет и исецкан босилек, па посолете, зачинете со црн пипер и зачинете ја салатата.

Туна во јапонски стил

Потребно е: парче туна, лосос или некоја друга риба, ’рдокви, лута пиперка, соја-сос, маслиново масло и магдонос

Исечете ја рибата на тенки реза��ки. Добиените парчиња сервирајте ги во облик на буквата В. Одозгора изрендајте ’рдоква и исечкајте лута пиперка. Неколку капки соја-сос, маслиново масло и неколку гранчиња магдонос и вашиот специјалитет е готов.

Шарен зеленчук

Потребно е: изгмечен лук, лута пиперка, 3 главици кромид исечкан на тркалца, 1 рака печурки (шампињони, лисичарки), малку слатка зелка, маслиново масло, соја-сос и сусам

Тајната на ова јадење е во внимателното мешање на состојките. Во маслото ставете ги лукот и пиперката, а потоа кромидот и преостанатите состојки. Обидете се да не мешате, туку да протресувате. Ставете сол и црн пипер. За пет минути додајте соја-сос и сусам.

Пилешки џигер и сланина

Потребно е: зелена салата, 100 г пилешки џигер, сланина, малку бренди, маслиново масло, оцет.

Измијте ја салата и зачинете ја по желба. Џигерот завиткајте го во сланината, а потоа печете го на скара. Додајте ја салатата, а сето тоа прелијте го со бренди. Декорирајте по желба.

Париска салата со круши и сирење

Потребно е: 3 круши, 1 зелена салата, 150 грама ореви, 100 грама варен грашок, 100 грама фета сирење. За прелив - масло, сенф, оцет, лук и сусам.

Сите работи се сечкаат и на крај се мешаат со преливот. Салатата се попрскува со печен сусам.

Шкампи со зелени јуфки

Потребно е: 1 кг шкампи, половина килограм зелени јуфки, 1 главица лук, 1 поголем црвен кромид, магдонос, сол, црн пипер, вегета, 2 чаши бело вино, маслиново масло помешано со малку соино масло, 1/2 л сок од домати, 1 лажица презла.

На загреаното масло се става кромид, малку вино и се динстува неколку минути. Се уфрлаат шкампите и сето тоа се динстува уште 10 минути. Се додаваат сол, црн пипер, вегета, магдонос и лук, а потоа остатокот од виното и доматите, па сето тоа се вари уште 10 минути на тивок оган. Со сето тоа се полеваат сварените зелени јуфки.


#
Статијата е прочитана 961 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Се омажи министерката Јанкулоска
Победи Ања Ветерова
Хуманитарецот дел од финансиска измама?






Bulgarians proud to see one of their own as president of Brazil
Sports and aid part of first regatta around Africa
Elections in Bosnia promise little change