Број 3150  среда, 02 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Култура

„Моите кутии“ на Јанешлиева во Велес

Во Ликовниот салон на Народниот музеј во Велес, вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Моите кутии“ на ликовната уметница Славица Јанешлиева, како дел од актуелниот проект „Кич, да!?/ Сте или не?/“, започнат минатата година, што низ земјава го реализираат Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Министерството за култура.

Негова цел е преку селектирани изложби да ја презентира, промовира и на публиката да и' ја доближи не само македонската, туку и светската ликовна уметност. Јанешлиева која досега реализирала 17 самостојни изложби во Македонија, Швајцарија, Словачка, САД и Холандија и учествувала во над 160 групни изложби низ светот, работи како доцент на Факултетот за ликовни уметности - Скопје, на катедрата по графика.

Преку изложбата „Моите кутии“ публиката може да ја доживее нејзината современа верзија на традиционалните семејни сандаци, како најсоодветен начин за зачувување, архивирање на вредните спомени. (К.Б.)


#
Статијата е прочитана 304 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Кога почна играта со светлината
Прерано родена
ДВД изданија на филмовите на Милчо Манчевски