Број 3150  среда, 02 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Култура

ДВД изданија на филмовите на Милчо Манчевски

Трите долгометражни играни филма на Милчо Манчевски „Пред дождот“, „Прашина“ и „Сенки“ се издадени во ексклузивен ДВД сет, чиј издавач е дистрибутерот „Манаки филм“. Ова е втора едиција на ДВД изданија на филмовите на Милчо Манчевски, само овој пат збогатена и со третиот филм „Сенки“. Имено, во 2003 година беше издадена првата ексклузивна ДВД колекција на неговите филмови „Пред дождот“ и „Прашина“, која тогаш беше наменета за прославата на Илинден и за дипломатските претставници. Додека, овој ДВД сет, како што најавува дистрибутерот, ќе биде достапен за купувачите за првпат во матичната земја.

Овој сет е и збогатен со досега необјавени материјали и со филмски и музички додатоци во траење од четири часа. Како што објаснува дистрибутерот „Манаки филм“, станува збор за исклучително издание според неговите технички карактеристики, за чии потреби се изработени нови мастери на сликата и на тонот во англиски и германски лаборатории односно во „Ранк“ и во „Дуарт“.

Изданието содржи и два ЦД-ром подароци, и тоа: со „Прашина“ е издаден и целиот истражувачки материјал од подготовките на филмот, а со „Пред дождот“ е вклучено и електронско издание на монографијата „Дожд“, посветена на одгласите за овој филм во светот.

Оваа ДВД колекција ќе може да се набави во сите специјализирани продавници за филмски и музички изданија, во книжарници и на други продажни места. (С.У.)


#
Статијата е прочитана 422 пати.

Испрати коментар

Од: kliment
Датум: 02.12.2009 08:44:07
Se prasuvam dali so zarabotkata Manceski ke ja plati drzavnata kola koja ja slupa?
Од: none
Датум: 02.12.2009 09:29:52
pred dozdot DA uspeshen film blagodarenie na Rade Sherbedzija, Abduraman Shalja, Meto Jovanovski i dr... prashina - visoko budzeten i tolku... senki - ziv promashaj, nema prikazna nema koordiniranost najvazno nema nit glumci... manchevski ne treba da zaboravi na doaenite shto mu go vozvishija filmot pred dozdot... ne e genijalec... sekoj reziser bi bil uspeshen so gore nabrojanata ekipa... ziv dokaz e so golemata razlika megju dvata filma (pred dozdot --- senki)...
Од: antibiotik
Датум: 02.12.2009 14:12:41
Sonce-rezimsko,kultot na avtotorot,vremeto na Stelljin e na scena,Milcho e car koj si najde ovci i si gi shisha " ala bros",za godina dve ke bidat izdanija i na Labina "filmovite"bez ralika deka od "Pred Dozdot" Mak.nema bar pristoen film napraveno,.........Sonce-rezimsko uzivaj i ponatamu......
Од: citatel
Датум: 02.12.2009 14:17:59
Na 15-ti dekemvri vo Kinoteka kje ima filmski maraton na Mancevski.. Odnosno kje bidat prikazani site tri filmovi
Од: Joван
Датум: 02.12.2009 15:43:42
До коментаторите: Како не ви е срам?!Што сте сториле вие за оваа земја?

Најди! во Утрински
Култура
Кога почна играта со светлината
Прерано родена
„Моите кутии“ на Јанешлиева во Велес