Број 3377  вторник, 07 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

МНР ќе ја пребројува дијаспората во Австралија

Во анкетата како место на раѓање, покрај Австралија и Република Македонија, се наведува и Егејска Македонија (Грција)

Обединетата македонска дијаспора со поддршка на Министерството за надворешни работи на Македонија почна анкета за пребројување на дијаспората во Австралија, во која се вклучени четири универзитети од САД и од Австралија и една компанија за истражување јавно мислење. Со објаснување дека ќе се испитуваат врските на македонската дијаспора во Австралија со матичната земја, се покануваат сите наши иселеници од прва, втора или некоја друга генерација да одговорат на многубројни прашања, меѓу кои дури и каква им е финансиската состојба, кому му испраќаат дознаки, какви врски имаат со земјата, колку често доаѓаат во Македонија, имаат ли бизнис-контакти, како го чувствуваат својот идентитет (македонски, австралиски или австралиско-македонски, македонско-австралиски), колку ги следат медиумите во земјава, какви подароци испраќаат во Македонија, кому и слично. Со напомена дека сите податоци се доверливи и дека Универзитетот „Викторија“ гарантира дека до нив нема да има пристап ниту една владина служба, иницијаторите посочуваат дека целта е да се сфатат врските меѓу иселениците и Македонија и тие информации и знаења да и' помогнат на Владата да ја максимизира можната корист од нив. Во прашалникот е вметната и една провокација, односно на прашањето во која држава сте родени, како можни одговори се наведени: Австралија, Република Македонија и Егејска Македонија (Грција). Во прашалникот се бара и мислење за некои политички ставови, од тоа дали Владата на Австралија треба да го признае уставното име на Македонија без одолжување, дали Владата на Австралија би требало да додели 1 милион долари годишно за проекти што ќе промовираат посилни трговски, образовни, културни, туристички, одбранбени и безбедносни врски со нашата земја, дали Канбера треба да обезбеди доволно средства за да се одржи изучувањето на македонскиот јазик и студии при Универзитетот „Меквори“, па и тоа дали австралискиот премиер би требало да ја посети Македонија во следните 12 месеци.

Инаку, не толку одамна, Обединетата македонска дијаспора поведе слична акција во САД, повикувајќи ги сите со потекло од Македонија да се изјаснат така во пописот на населението, кој е во подготовка и во кој за првпат ќе има образец и на македонски јазик. (Н.Р.)


#
Статијата е прочитана 1241 пати.

Испрати коментар

Од: Ози
Датум: 07.09.2010 13:39:06
Да не треба да одговорам и колку пати имам секс неделно за да владата на МК ја ’максимизира’ користа од мене?! Организаториве на акнкетава као да се о друга планета. За катедрата на Меквори Уни нема потреба да се секираат, таа веќе не постои. Ни дописно како во предходните години.
Од: Makedonski Nacionalen Centar Detroit
Датум: 07.09.2010 17:04:10
Site inicijativi koi sto poteknuvaat od Makedoncite od Detroit vladata na Republika Makedonija gi ignorira, a za smetka na toa gi promovira i "turka" mladincite od t.n."UMD" koi de fakto i stanuvaat nivni kuklinja na konci. Citame deka tie navodno trebalo i da im "lobiraat " sredba so Pretsedatelot na SAD Barak Obama. Dragi Makedonci, svestete se, otvorete gi ocite! Vladata na Republika Makedonija nema potreba od takvi kvazi lobi grupi za da se sretneso Pretsedatelot na SAD. Ministerstvoto za nadvoresni raboti na Republika Makedonija kako i AMbasadata na R.M. vo Washington treba da se obratat po protokolaren pat. Vratite na amerikanskata administracija se otvoreni za Makedonija vo sekoe vreme i nema potreba od "junacenje" koj komu zakazuval sredbi! Kolku za popisot, i porano javivme deka Detroit bese EDINSTVENIOT pomosen popisen centar vo SAD od 16 Mart do 19 April (US Census 2010). Formular na Makedonski jazik bese vklucen vo popisot na baranje na Makedonecot od Detroit.
Од: citatel
Датум: 08.09.2010 03:27:48
I na krajot koga ke zavrsi popisot i ke otidam da ja posetam makedonija garant ke me stavat vo nekoja soba na veke prekrasniot aerodrom i ke bidam prinuden da dadat 1/3 od mojata plata za da mozam da iskocam i da si teram po patot kaj sto sum trgnal.
Од: Aleksandar Makedonski
Датум: 09.09.2010 20:42:18
Prosetav malce po Makedonijata nasa i tesko bese da se svati krsenjeto i unistuvanjeto na nasata zemja. Kakvi lugje pravat takvo nesto? Kakvi lugje ne pravat nisto koga nekoj namerno ja unistuva drzavata i sve sto tie stvorile? Site potezi na site Makedonski vladi do sega bea bez nikakva narodna i drzavna cel. Se sto e praveno e samo za krazba, licno zbogatuvanje i unistuvanje na Makedonija. Ne, ne slusajte sto velam jas. Slusnete sto kazuva nasata Makedonija i narodot. Tie koi sto stavijha raka na Makedenija i Makedonskiot narod nema da ja izbegnat dolgata raka na pravdata. "Edna Makedonija, Obedineta Makedonija"

Најди! во Утрински
Политика
Феноменот на четирите години
Се' уште ги нема бројките за ланската сиромаштија
Бесими против спомениците
Уште еден мандат за Мијалков и за Тодоровски