Број 3377  вторник, 07 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Уште еден мандат за Мијалков и за Тодоровски

Директорите на двете клучни позиции во МВР, задолжени за јавната безбедност и за контраразузнавањето, остануваат во жешките фотелји уште четири години. Владата на седницата одржана на 30 август годинава донела одлука да им го продолжи мандатот за уште четири години. Со тоа директорот на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски, и во наредните четири години ќе се бори против уличниот и организираниот криминал во земјава.

На одговорната позиција во Управата за безбедност и контраразузнавање, Владата повторно му даде доверба на досегашниот директор, Сашо Мијалков. Ваквата одлука на Владата е објавена во најновиот број на „Службен весник“, со што веќе таа стапи во сила.

Мијалков и Тодоровски беа поставени на раководните функции во УБК и БЈБ во 2006 година, веднаш по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт.

Работата на полицијата и на првиот човек на Бирото за јавна безбедност, последниве две години беше жестоко критикувана во јавноста, поради повеќето нерасветлени грабежи на банки, киднапирања на деца и сурови убиства сред бел ден, кои предизвикаа чувство на страв и сигурност. (Д.Р.)


#
Статијата е прочитана 2586 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 07.09.2010 15:27:51
Море,такви луѓе со толкава способност,треба доживотно да бидат избрани на тие места.Овој народ и ова го заслужува.Уште колку убиства и местенки ке има.Се додека стравот во коски на секого не му се фнесе.
Од: kaktus
Датум: 07.09.2010 16:18:45
Браво, Трпе. Одлична идеја. Дури треба на такви да им се дај и звање Маршал!
Од: SASO
Датум: 07.09.2010 23:35:15
napred direktore mijalkov.........podrska od strumica
Од: blaze
Датум: 08.09.2010 00:52:48
ha ha ha ha,podrska od strumica za mijalkov

Најди! во Утрински
Политика
Феноменот на четирите години
Се' уште ги нема бројките за ланската сиромаштија
Бесими против спомениците
МНР ќе ја пребројува дијаспората во Австралија