Лизгалиште на плоштадот „Македонија“
На плоштадот „Македонија“ вчера беше отворено вештачко лизгалиште.
Лизгањето е бесплатно, а 50 лизгалки ќе им бидат на располагање на граѓаните следните шест месеци. На отворањето, градоначалничката на Општина Центар, Виолета Аларова, рече дека целта на вештачкото лизгалиште е забава за децата и повозрасните граѓани, како и развивање на спортскиот дух на нацијата. Покрај лизгањето, посетителите вчера се забавуваа и со музика и магионичар.
|