Број 2803  сабота, 04 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Наука
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Италијанска корпорација го доби тендерот за трамвајот

За 12 дена ќе биде дефинитивно потпишан договорот со Италијанците

Деспина Трајковска

Корпорацијата предводена од италијанските фирми „Џанкарло Боно - Долџаго“ и „ Аксиома Десин“, а во која се и бугарската „Проџект билдинг оф транспорт системс“ и македонската „МАК 2000“, е избрана за најповолен понудувач на тендерот за изработка на основниот проект за изградба на трамвајскиот систем во Скопје. Од Градот потврдуваат дека вчера завршиле со евалуацијата на тендерот и за исходот веќе се доставени известувања до другите фирми-учеснички. За 12 дена ќе биде познато дали италијанската корпорација дефинитивно ќе го потпише договорот за изработка на основниот проект, период во кој другите кандидати на тендерот ќе можат да поднесат жалби. Од Градот велат корпорацијата доставила најдобри финансиски услови, што било пресудно при изборот.

„Нивната понуда достигна околу 470.000 евра, што е речиси за 200 илјади помалку од другите. Иако шпанската фирма имаше подобра понуда во однос на техничкиот квалитет и иновациите, сепак, нивната финансиска конструкција беше многу повисока, околу 630.000 евра“, објаснуваат од Градот и потенцираат дека веднаш по потпишувањето на договорот, избраната фирма ќе треба во рок од два месеца да го изработи проектот за депото. Не е исклучена можноста, тој рок да биде скратен, за градежните активности да започнат пред Нова година.

Паралелно со тоа, фирмата ќе треба да го изработи и проектот за првите три километри од трамвајската траса од Ново Лисиче до Центар, а веднаш потоа ќе се распише тендерот за избор на изведувач.

Инаку, на меѓународниот тендер се пријавија четири фирми. Освен италијанската корпорација, учествуваа и германската компанија „Планунгсбуро“, австриската ВЦЕ и шпанската компанија „Идом инженерија“.


Статијата е прочитана 532 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
Лизгалиште на плоштадот „Македонија“
Деветнаесет граѓани ќе го чистат дворот на Општина Центар
Тодоровски си бара заменик преку јавен повик