Брoj 2803  сабота, 04 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Наука
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Деветнаесет граѓани ќе го чистат дворот на Општина Центар

Инспекцијата на Општина Центар во изминативе две недели фатила 24 лица кои го прекршиле Законот за јавна чистота. Од нив 19 прифатиле да вршат општокорисна работа, а само петмина платиле за сторениот прекршок. Четворица од оние кои се одлучиле казната да ја платат преку работа се ангажирани за чистење и уредување на дворот на општината, додека другите работат во паркот „Опатија“ и Урбан-парк.

Општинарите објаснуваат дека казнетите лица кои прифатиле општокорисна работа, се пријавуваат во општинското Одделение за комунални работи и заштита на животна средина, каде што одговорните лица вршат евиденција на сите пријавени.

Потоа, на нив согласно со Правилникот за извршување општокорисна работа, им се издава упатница во која се наведени локацијата, терминот и потребниот број часови за надоместување на прекршокот.


Статијата е прочитана 209 пати.

Испрати коментар

Од: Shadow
Датум: 04.10.2008 01:36:22
Ova mi lici kako na robovladetelsko opstestvo... No sepak kaznite si imaat dobra strana.. no do koga i do kade... Kaznata za storen prekrsok e vospitno obrazovna merka..

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
Лизгалиште на плоштадот „Македонија“
Италијанска корпорација го доби тендерот за трамвајот
Тодоровски си бара заменик преку јавен повик