Број 3343  вторник, 27 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

„Водовод и канализација“ ќе се сели од бараките

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ објави конкурс за избор на идејно решение за изградба на нова управна зграда. На конкурсот се бараат проектант и изведувач, а најдоброто идејно решение ќе биде наградено. Новиот објект ќе се гради на истата локација каде што сега се наоѓаат постојните бараки на претпријатието, кои датираат од далечната 1964 година. Колку ќе чини изградбата на новата зграда и колкава катност ќе има, ќе зависи од идејното решение што ќе биде прифатено. Тогаш ќе се бараат и ќе се изнаоѓаат можности за соодветни извори на финансирање на објектот и неговите придружни содржини. Конкурсот ќе биде отворен до 28 август годинава.

„Се надеваме дека локацијата на која што ќе се изгради овој објект ќе биде на постојната каде што сега се наоѓаат привремените бараки од 1964 година.

Условите, начинот, роковите и останатите детали за изготвувањето и пријавувањето на идејните решенија се утврдени во конкурсната документација и огласот што го објави ЈП „Водовод и канализација“ на страницата на Бирото за јавни набавки“, велат од претпријатието.

Оттаму додаваат дека Управата досега 46 години функционира во бараките донирани од пријатели од светот, веднаш по катастрофалниот земјотрес од 26 јули 1963 година. Идејата за сместувањето на вработените во нив била тоа да биде привремено решение. Подложени на забот на времето во овие стари објекти веќе не нудат нормални услови за работа.

Ваквата состојба, велат во претпријатието, досега била многупати утврдена, особено во последните дваесетина години кога по којзнае кој пат е констатирано дека изградбата на управна зграда за претпријатието е неодложна. (Сн.К.)


#
Статијата е прочитана 594 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Цвеќе за загинатите во земјотресот од 1963 година
Паркирањето во Аеродром ќе се спасува со монтажни паркиралишта
Воспитувачките обвинуваат за нефер вработувања
Се пробива вториот дел на „Македонска војска“