Делегација од Градот предводена од градоначалникот Коце Трајановски и претседавачот на Советот, Ирена Мишева, вчера положи цвеќе пред Споменикот на загинатите во катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година. По повод одбележувањето на 47-годишнината од катастрофата, пред Споменикот на гробиштата „Бутел“ цвеќиња положија и претставници од Кабинетот на претседателот на Република Македонија, на Собранието, на Владата и делегации од амбасадите на Словенија, Полска и на Шпанија. Пред загинатите во земјотресот се поклонија и претставници на ЗЕЛС и на скопските општини, како и на Црвен крст на Скопје.