Број 3343  вторник, 27 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Паркирањето во Аеродром ќе се спасува со монтажни паркиралишта

Се бара изведувач за два монтажни паркинга, а наскоро под Железничка станица ќе се отвори обичен паркинг за 117 возила

Деспина Трајковска

Со два монтажни паркинга на едно ниво и еден обичен паркинг Општина Аеродром и ЈП „Градски паркинг“ ќе го спасуваат недостигот од паркинг-места за аеродромци. Општината веќе бара фирма што ќе изгради монтажни паркинзи спроти „Мекдоналдс“ и во близина на Прокредит банка во Ново Лисиче, а ЈП, пак, го опремува просторот за паркирање под новата Железничка станица. Новите паркиралишта, според најавите на надлежните, ќе обезбедат околу двесте дополнителни паркинг-места од кои бесплатно ќе се користат оние на монтажните паркинзи. За паркирање ќе се наплаќа под Железничката станица каде што најдоцна за две недели се очекува ЈП „Градски паркинг“ да почне да стопанисува со просторот. Паркингот ќе има капацитет од 117 возила, а еден час паркирање ќе чини 25 денари. Од претпријатието велат дека со изградба на овој паркинг истовремено ќе се решат два клучни проблема. „Паркингот е изграден на местото на долгогодишната депонија што претставуваше грда слика не само за Аеродром туку воопшто за Скопје, имајќи предвид дека тука се наоѓа Транспортниот центар. Од друга страна, пак, истовремено обезбедуваме паркинг-простор за граѓаните од околните згради, кои мака мачеа со простор за паркирање, а сега ќе се паркираат по повластени цени“, вели Борче Јакимовски, директор на ЈП. Тој не ја исклучува можноста овој паркинг во иднина да се надгради со монтажна конструкција идентично како паркинзите што наскоро ќе ги гради Општината.

Тие се очекува да бидат готови до крајот на годинава. Во тек е јавната набавка за фирма-изведувач. Монтажните паркинзи ќе претставуваат конструкции што ќе се постават на веќе постојните паркинзи. И спроти „Мекдонладс“ и во Ново Лисиче тие ќе овозможат дополнителни 90 места за паркирање.

„Наша цел е да обезбедиме повеќе паркинг-места, а тоа да не биде за сметка на зелените површини. Овој модел на паркинзи е токму таков, навидум скап модел на паркирање, но брзо се реализира и е ефектен што е докажано во многу земји. Паркиралиштата, практично, функционираат како катни гаражи, со рампи за качување и за симнување, само што се прават од монтажни елементи и се приспособливи и побрзо се изведуваат. Веќе постојан паркинг се надградува со конструкција“, вели градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, кој планира да изгради уште три вакви паркиралишта и во наредната година. Едното сигурно ќе биде зад ТЦ „Бисер“ во близина на воениот комплекс за каде што проектот веќе е во фаза на изработка.

Финансиите за паркиралиштата во најголем дел ќе бидат обезбедени од општинскиот буџет, а во целиот проект свој удел имаат и ЈП „Градски паркинг“ и Град Скопје.


#
Статијата е прочитана 654 пати.

Испрати коментар

Од: Кирил, Скопје
Датум: 27.07.2010 08:55:54
Ваша цел е да најдете начин по секоја цена да дрпате од граѓаните. Не ми е јасно зошто во Аеродром да се наплаќа паркингот толку скапо, исто како во Центар? Освен ако не е договор на сите можни начини да се збираат пари зашто Владата си ги испружи нозете колку што не и е чергата.

Најди! во Утрински
Скопје
Цвеќе за загинатите во земјотресот од 1963 година
„Водовод и канализација“ ќе се сели од бараките
Воспитувачките обвинуваат за нефер вработувања
Се пробива вториот дел на „Македонска војска“