Број 3468  вторник, 28 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
На прво место

Тука е лесно да прогласиш кодош

Лустрацијата се спроведува карикатрурално и претставува навреда за една држава, велат аналитичарите

Оливера Војновска


Дали Македонија е способна да спроведе правична лустрација и какви неоспорни факти се потребни за некој да биде прогласен за кодош? „Нема потреба од никакви докази. Одлична работа ќе завршат еден компјутер и некаква копија од печат. И, на рака имате досие за кого сакате и какво што сакате. Потоа со ’крунскиот доказ‘ во папка се мавта пред Комисијата за лустрација. А за да биде впечатокот посилен задолжително се носат шапка и црни очила“. Вака сликовито професорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Имер Исмаили, ја опишува македонската лустрација што ја квалификува како криминална.

Дворската лустрација беше топ-тема во јавноста и ги засени сите настани во изминативе три месеци. Кулминација имаше во периодот околу Самитот на НАТО во Лисабон и кога се очекуваше извештајот на Европската комисија. Досега единствена жртва на лустрацијата е поранешниот претседател на Уставен суд, Трендафил Ивановски, за кого е во тек жалбената постапка пред Врховен суд. И додека лустраторите не ја верификуваа изјавата само на уставниот судија (а проверени се највисоките државни функционери - претседателот, спикерот, премиерот, пратениците, министрите), во албанскиот политички блок вистински земјотрес направија контроверзните документи никнати по дворовите во Тетовско. Но, дури откако „Вујко“, „Мама“, „Стрелец“ и „Ибар“ предизвикаа огромна политичка бура во државата и сериозно ги разнишаа угледот на Али Ахмети и на неговата ДУИ, лустраторите открија дека не се веродостојни документи, туку плагијати.

Познавачите на нашите политички прилики се децидни дека лустрацијата целосно ја изгуби смислата и место институционално се спроведува од улица. „Овој процес ја промаши целта и се користи исклучиво за политичка пресметка. Македонската лустрацијата се спроведува карикатурално и претставува навреда за една држава. Комисијата за лустрација го изгуби кредибилитетот. Ирелевентно е што ќе кажат лустраторите, дали некој бил кодош или не. Никој повеќе не верува во нивните одлуки и, за жал, целиот процес стана предмет на потсмев“, вели професорот Ибраими.

И универзитетскиот професор Стево Пендаровски со жалење констатира дека во Македонија нема законска лустрација, туку партиска. „Ако во Комисијата за лустрација има прегласување, тогаш е јасно дека намерата е некој да се заштити. Во случајов тоа беа луѓе од власта. Поранешниот претседател на Уставен е најдобра илустрација за политизирање на лустрацијата. Тој неколку месеци претходно беше напаѓан од премиерот за одлуките што ги носи Судот“, вели Пендаровски. Според него, легитимитетот на процесот на лустрација е комплетно уништен. „Сведоци сме на внатрешна политичка пресметка кај Албанците. Нетрпеливоста меѓу клучните лидери постои уште од конфликтот во 2001 година. Сега, во таа битка да се оцрни противникот, се користи и лустрацијата. Токму поради уличниот начин на кој се спроведува, ентузијазмот на јавноста е драстично намален и многумина изгубија надеж дека може да се направи легитимен процес“, смета тој.

Минатата недела нашата тажна лустрациска приказна имаше ново продолжение. Лидерот на Албанскиот сојуз, Ваљон Беља, покажа материјали за кои тврдеше дека имаат несоборливи докази оти Ахмети бил соработник на УДБ-а. Но, Беља не и' верува на Комисијата за лустрација и документите нема да ги достави до неа.

Неодамна, Дојче веле пренесе текст од швајцарскиот весник „Ноје цирихер цајтунг“ под наслов „Лустрациски циркус во Македонија“, во кој заклучува: „Едно е јасно: лустрацискиот процес во Македонија пропадна“. На државните институции им недостасува довербата од граѓаните, со цел да работат независно, и покрај обидите на моќниците да извршат влијание. Без институционален авторитет, лустрацијата се претвори во изговор за да се оцрни политичкиот противник. Оваа епизода, пред се', покажува дека Македонија има проблем да се соочи не со минатото, туку со сегашноста“.




#
Статијата е прочитана 1200 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 28.12.2010 16:03:18
Нормално е во држава каде се практикува,крадецот да повика да го држат апашот,лесно е да се прогласува и шпиуни.
Од: sime
Датум: 28.12.2010 16:06:01
Tokmu taka makedonskata lustracija e cirkus.
Од: пет секунди до дванаесет
Датум: 28.12.2010 20:40:15
Ако се претресе целта историја на тлото на мајката земја,со цел да се пронајдат и исчисти таа историја од "кодошите",ќе се добие производ наречен празен лист хартија.Ај што преку разните ујдурми капитализмот страшно го казни народот низ процесот на ослободување од комунистичкото ропство,предизвикувајќи дури и органска фрустациона ретардација,туку на крајов и умно го рефрешира,да неможе да свати.Што да свати?!Дека стапува ерата на елиминација на овчарите на чело со големиот пастир (преземено од другите како термин),за на крајот како војската самуилова тргне по патот на безпаќето.Старци од планината.Царот нареди да се вратите подома.Што чекате?!
Од: ivo
Датум: 29.12.2010 01:15:07
Koga kodosenjeto vo interes na raznorazni sluzbi, grupi i gripacii, vo korist na odredeni politicki interesi ili biznis interesi bi prestanalo, vo toj slucaj, site bi ostanale bez rabota, zatoa sto toa se verojatno redovni "dopolnitelni" sekojdnevni rabotni zadaci koi vrabotenite gi dobivaat od pretpostavenite! Dali site tie "patriotski i politicki aktivnosti " nekomu voopsto koristat, ne e dokazano! Verojatno im koristat na rabotodavcite , bidejki ne gi biva za biznis , pa moraat da gi angaziraat robovite za slobodni aktivnosti i za tepanje vreme!

Најди! во Утрински
На прво место
Не се брза со „Надеж“ и „Партиски реклами“
Нотарската такса се намалува за 25,2 отсто
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks