Број 3468  вторник, 28 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
На прво место

Не се брза со „Надеж“ и „Партиски реклами“

Шврговски им дал упатство на обвинителите добро да ги проучат овие предмети

Гордана Дувњак


Обвинителството се' уште ги проучува аферите „Надеж“ и „Партиски реклами“, кои, како што велат, поради сложеноста и обемноста, се оставени за после новогодишните празници. Државниот јавен обвинител, Љупчо Шврговски, вчера ни потврди дека им дал усно упатство на своите колеги да не брзаат со реферирањето на овие предмети, односно се' додека добро не ги проучат.

Случајот „Надеж“, кој се однесува на наводна злоупотреба на службената должност на ексшефот на државата, Бранко Црвенковски, е во рацете на посебното Обвинителство за организиран криминал. А, со тврдењата, пак, на сега притворениот сопственик на А1, Велија Рамковски, кој ја обвини Владата за злоупотреби во плаќањето на партиски реклами на ВМРО-ДПМНЕ со буџетски пари, се занимава скопското Обвинителство.

Првиот човек на Обвинителството за организиран криминал, Јован Илиевски, во изјавата за „Утрински весник“ вели дека добиле дел од документацијата за „Надеж“ од Антикорупциска комисија.

„Документите не ни се доволни и затоа побаравме од Кабинетот  на експретседателот на државата да ни ги достават дополнително договорите со словенечките експерти, начинот на кој е извршено плаќањето“, нагласува Илиевски. На прашањето дали зеле изјава од Црвенковски и од неговите најблиски соработници, тој одговара дека во оваа фаза тоа не е потребно и, главно, се потпираат на договорот и на документите.

Во Кабинетот на лидерот на СДСМ и поранешен шеф на државата, Бранко Црвенковски, се изненадени од ваквите информации.

„Прв пат слушам од вас за вакво нешто. Ниту некој побарал од нас некакви документи ниту, пак, писмено се обратил за да му доставиме. Ние веќе се изјаснивме дека ќе бидеме конструктивни и ќе соработуваме за се' што ќе биде побарано од нас“, ни рече шефицата на Кабинетот, Наташа Савова.

Се' уште не е оформен предмет во скопското Обвинителство ниту околу аферата со партиските реклами. Според скопскиот обвинител, Марко Зврлевски, случајот е во преткривична постапка и „работиме на конципирањето на предмет“.

Аферата „Надеж“ пред повеќе од еден месец ја отвори владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кога го обвини актуелниот опозициски лидер дека ненаменски потрошил 340.000 евра пари од граѓаните за плаќање консултантски услуги на тројца словенечки експерти. За случајот се заинтересира и Антикорупциска комисија, која заклучи дека експретседателот ја злоупотребил службената положба и го прекршил Законот за јавни набавки ангажирајќи словенечки ПР-експерти со државни пари без објавување јавен тендер.

Според антикорупционерите, Црвенковски морал да распише јавен оглас, бидејќи во државата и во регионот има повеќе консултантски куќи, кои даваат исти услуги, кои тој ги добил од словенечките експерти за повеќе од 340 илјади евра. За нив е нејасно кој е критериумот по кој Црвенковски ги избрал Верчич, Ашанин и Гутеша и врз основа на чија процена е формирана цената за изработка на стратегијата. Покрај Црвенковски, Антикорупциската комисија бара кривични пријави и за членовите на неговиот Кабинет.

Што се однесува до аферата со партиските реклами, неа ја проблематизираше Рамковски во моментот кога финансиските инспектори ги тресеа фирмите на „Перо ��аков“ б.б. Во едно од интервјуата на неговата телевизија, тој го обвини лично премиерот Никола Груевски дека по негов налог се плаќани партиските реклами во милионски износи со владини пари. (Г.Д.)


#
Статијата е прочитана 3399 пати.

Испрати коментар

Од: Hari
Датум: 28.12.2010 12:28:24
Obvinitelstvoto samo sto ne pokrenalo postapka protiv Ovcarot za reklamiranjeto na DPMNE, i mislam deka na Badnik vecerta spektakularno ce go uapsat Ovcarot? A za nadez, jasno e kako bel den, celta bese da se ocrni Branko za nesto sto e zakonski, no so portokalive toa e.
Од: забеган.
Датум: 28.12.2010 12:53:46
Кај надеж се надевам е чисто и за ситно се работи,За разлика од Рекламирајне.ОООГРОМНА е разликата од МИЛОНЧИНА до илјади.
Од: gimi
Датум: 28.12.2010 14:52:39
На кое дереџе дојдоја комуњарчињава да се потпираат на пријава поднесена од најголемиот криминалец во државава газда Велија. Со „Надеж“ било се чисто, а со партиските реклами ќе имало апсење на Бадник.Имам еден предлог овие коментари ставете ги во рубриката хумор .
Од: Deni
Датум: 28.12.2010 15:09:10
Kutri vie. Kaj BC bilo se cisto, ama "ovcarot od DPMNE" trebalo da go uapsat sekoj moment. Pa ali e mozno da ima tolku glup narod vo ovaa drzava? Da ne me zasegase toe i mene, od sesrce ke vi posakav da vi se vrati Branko na vlast, da ve potsei uste ednas a razlikata megu nego i Nikola Gruevski.
Од: Itar Pejo
Датум: 28.12.2010 15:54:16
Nema nikakva nadez so ovaa vlast.
Од: Трпе
Датум: 28.12.2010 16:15:49
Не бре,портокаловата влада е чиста како матен Вардар.А за аферата Надежда е познато, си го шири имотот и во странство.
Од: zoran
Датум: 28.12.2010 19:28:54
ne mi e jasno kako moze da se izednacuva toa sto nekoj ne objavil tender,so faktot deka nekoj potrosil milioni evra pari na narodot za reklama na svojata partija.crvenkovski dali so tender ili bez tender ke gi potrosel parite ova za reklamite e sosema nesto drugo.
Од: ODNADVOR
Датум: 28.12.2010 19:39:19
Mnogu smesno; da se objavi javen tender, so zaglavie;"Barame PR kukja koja ke ja urne ovaa Vlada sto poskoro...". I, ne samo Crvenkovski, tuku i Gruevski koj ima angazirano nekolu takvi kukji od SAD, Germanija i Bugarija( pa malku i od MK), ne go objavil toa "na tender " glasno,so jerikanski trubi!.Takvo nesto se pravi diskretno, bez da dojde do usite na "drugata stranka". taka se pravi vo Germanija, taka se pravi vo Italija, pa i vo Francija i dr.kade vo posleden moment Sarkozi otisol da go moli cuveniot PR Segela( socijalist),za da mu pomogne vo izborite. Se razbira, nikoj od "sprotibvnata strana" ne se pobunil, a narodot ne pobaral otcet,niti od Merkerl, niti od Sarkozi.BC, ne napravil nisto nadvor od zakonskite propisi, votolku poveke , sto takva suma za pretsedatelska kampanja e smesna, vo sporedba so miljonite na "drugata" strana. Ajde da ne se brukame so tuzbi ,zalbi i istrazuvanja. Veke i bez toa sme smesni pred svetot i pred nas samite, iako sme za placenje na glas !
Од: Јасновидец
Датум: 29.12.2010 02:07:22
i vo Makedonija i sosedstvoto ima mnogu pejacki i muzicki grupi. Zosto ne raspisa tender prilepskiot gradonacalnik koga ja donese Ceca vo Prilep. I taa pee i Suzana Spasovksa pee. Neli e isto. Suzana sigurno e poeftina. Ama Ceca e ime. Isto e so Nadez. Toa ne pominuva na sud. Celta e samo pravenje cirkuz za narodot. Ako narodot e gladen, organiziraj mu borbi so gladijatori.
Од: Bobi
Датум: 29.12.2010 08:59:57
Barem da mu pomognea na Crvenkovski da mu se zgolemi popularnosta, vaka em site nie plativme 340.000 evra, em on ostana zacimentiran na 9% popularnost kaj naselenieto, jas kako pripadnik na onie 91% koj ne go podrzuva baram da gi vrati nasite pari, koj gi dal za svoi hirovi.

Најди! во Утрински
На прво место
Тука е лесно да прогласиш кодош
Нотарската такса се намалува за 25,2 отсто
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks