Број 3468  вторник, 28 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
На прво место

Нотарската такса се намалува за 25,2 отсто

Трошоците и наградата за извршена нотарска работа се намалуваат за 25,2 отсто. Оваа информација вчера ја пласираше министерот за правда, Михајло Маневски, додавајќи дека со овој чекор уште еднаш им се излегува во пресрет на потребите на граѓаните откако претходно беа намалени судските трошоци, а во најава е намалување и на наградата за извршителите.

„Со намалување на трошоците за нотар се олеснува пристапот на граѓаните до правдата и до управните органи“, изјави Маневски.

„Нотарската комора како дел од правосудството имаше слух и се приклучи кон заложбите на Владата во овие кризни времиња да се помогне и да го олесниме пристапот до правдата за граѓаните“, вели претседателот на Нотарската комора, Влатко Николовски.

Намалувањето на трошоците треба да стапи во сила од втората половина на јануари следната година.Министерот Маневски додаде дека на завршната Регионална конференција на нотарите, која се одржа на 3 декември во Сараево, било нагласено дека Македонија е земја-лидер во регионот, која има најмногу достигнувања во областа на нотарството. ( Д.Р.)


#
Статијата е прочитана 616 пати.

Испрати коментар

Од: Slavko Lazovski
Датум: 28.12.2010 12:44:17
Нотарите треба да наплатуваат нотарски такси, а судовите да наплатуваат судски такси. Не треба и понатаму нотарите да наплатуваат судски такси. Ова треба да биде големо разграничување во системот на јавните давачки во РМ. И со намалувањето на нотарските такси може да се намалат надомстоците за нотарските услуги.
Од: uste
Датум: 28.12.2010 16:41:44
Uste edna populisticka merka. Gi namaluvaat trosocite za notarskite uslugi, a ne gi namaluvaat izvrsnite trosoci koi se nekolkupati pogolemi od notarskite. Notarskata komora " se soglasi" bidejki za kratko vreme nekolku notari od Upravniot odbor po skratena postapka ministerot kje gi razresese. A zosto ne se namalat p[artite na ministrite i na pratenicite?

Најди! во Утрински
На прво место
Тука е лесно да прогласиш кодош
Не се брза со „Надеж“ и „Партиски реклами“
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks