Дали Албанија продавала НАТО-тајни на Русите
ТИРАНА - Неодамнешните тврдења на албанската опозиција дека владата продала доверливи информации од НАТО на Русија и на Србија ги доведе властите во Тирана во незавидна позиција.
„Првиот човек на албанската тајна служба (СХИСХ), Бахри Шакири, наводно, на парламентарната сесија зад затворени врати изјавил дека НАТО е вознемирен“. Додека СХИСХ јавно не ја негираше таа карактеризација, коалицијата на парламентарното мнозинство почна да ја обвинува опозицијата за објавување на исказот на Шакири во јавноста.
Канцеларијата на НАТО во Тирана не излезе со коментар, но поранешниот американски амбасадор во Албанија, Џон Витерс, ја опиша ситуацијата како „комплексна“. Албанија е членка на НАТО од април 2008 година и институцијата одговорна за чување на безбедноста на информациите на Алијансата е Одделот за безбедност на доверливи информации (ДСИК). Меѓусебната размена на информации меѓу Албанија и НАТО се базира на експлицитни и добро дефинирани правни стандарди. Секој што има потреба да дознае доверлива информација треба да добие дозвола за пристап до неа. (СЕЕ) |