Број 3431  сабота, 13 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Свет

Како Европа потфрли во БиХ

Босанските Муслимани не беа наклонети ниту кон Саудиска Арабија ниту кон Техеран

Европа потфрли во БиХ. Исламот е составен дел на тоа општество, а основа на заедништвото се вредностите на просветителството и на Француската револуција, тврди претседателот на германските Зелени, Џем Ездемир.

За разлика од многумина во Германија, кои мислат дека исламот е исклучива религија и го доживуваат како закана за западните вредности, претседателот на Партијата на зелените, Џем Ездемир, кој има турско потекло, е свесен дека постои и друга традиција на исламот. Таа традиција се одликува со толерантност кон другите, прифаќање на мултикултурното општество, па дури и на секуларизмот, истакнува Ездемир, претседател на германска политичка партија, која, според анкетите, е втора по број на приврзаници.

Таков ислам Европа бара веќе одамна, но тој е веќе дел од европската традиција: „Начинот на практикување на исламот порано во БиХ, воопшто и во поранешна Југославија, е оној ислам за кој зборуваат многумина во Европа“.

Притоа, не смее да се заборават случувањата на тоа подрачје во изминатите 20 години, додава Ездемир, кој има шанси да стане и наредниот германски министер за надворешни работи. Со оглед на војната и на бројните искушенија и разочарувања на босанско-херцеговските Муслимани, не треба да изненадува делумната радикализација на тамошниот ислам, вели Ездемир. Тој потсетува:

„Tие Муслимани не беа наклонети ниту кон Саудиска Арабија ниту кон Техеран. Нивниот поглед беше вперен кон Берлин, Париз, Лондон, Брисел, и сметаа дека таму се нивните браќа и сестри. Тие се повикуваа на традицијата на просветителството, на вредностите од Француската револуција. Православните и католичките христијани, исто како и Евреите, потомците на некогашните Маури, тие ги сметаат за свои браќа и сестри“.

Но, во случајот со БиХ, Европа покажа дека има двојни мерила, вели Ездемир:

„Човековите права на Муслиманите во БиХ за многумина, очигледно, не беа толку важни како човековите права на христијаните. Така е и денес. Погледнете ги Чеченија и тамошните злосторства врз, претежно, муслиманското население, видете колкаво внимание предизвикуваат во јавноста. Сметам дека треба да ги штитиме сите човекови права. Не постојат човекови права од прв, втор или од трет ред“.

Самиот Ездемир важи за примерен Германец со мигрантско потекло и пример за успешна интеграција. Роден е во Германија како син на турски гастарбајтери, дури на 18-годишна возраст, дефинитивно, се одлучил за германско државјанство, а денес е претседател на партијата што, според анкетите, има поддршка од 24 отсто од Германците.

Тој никогаш не го криел своето муслиманско потекло и целосно се согласува со изјавата на германскиот претседател Кристијан Вулф дека исламот е дел од Германија:

„Таа реченица ја сфаќам така како што е кажана, имено, дека муслиманите во меѓувреме, исто така, станаа дел од германското општество. Но, муслиманите не се нешто единствено, исто како што не се ни христијаните. Имаме народен ислам, во исламот има различни правци, има религиозни и нерелигиозни муслимани, како и атеистички муслимани. Сето тоа е дел од Сојузна Република Германија“.

Поради тоа, Ездемир не се согласува со тезата на канцеларката Ангела Меркел дека во Германија пропаднал концептот за мултикултурно општество. Според него, тоа не подразбира постоење на паралелни општества во некоја земја што немаат меѓусебна комуникација.

„Јас тоа го разбирам во англосаксонска смисла, како во Соединетите Американски Држави или во Канада. Тоа е опис на фактот дека живееме во плуралистичко општество и оти минаа времињата кога некој мораше да крие дека е хомосексуалец или, пак, дека живее во вонбрачна заедница. Тоа е за мене мултикулти. Тоа е едноставно опис на Германија во која луѓето имаат различно потекло, различни определби и мислења“, вели за Дојче веле претседателот на Партијата на зелените, Џем Ездемир. (Дојче веле)


#
Статијата е прочитана 1227 пати.

Испрати коментар

Од: SPIRIDON
Датум: 13.11.2010 15:05:33
Ezdimire,maško dete,zašo be u Bosna vojuvaa muđahedini,ili podobro zašo muslimanite u Bosna ja počnaa vojnata,ili zašood Malezija muslimanite imaa sloboden ulaz u Bosna ili ...Ezdimirevaj narod tuka podobro od tebe ja znae istorijata na "zelenata transferzala" opfanata so učenjata u "Al Ashar" u Kairo.I ima pravo Merkel.Došol si kaj mene doma i me primoruvaš da se adaptiram,da se učam na tvojte naviki,redove,kultura,a ti mojata ja ignoriraš.Pa sedi si doma,maško.Ja šo praat muslimanite so hristijanite u Irak.Kolku hristijanski crkvi ima po maslimanskite zemji,ja Saudiska Arabija.Jas sum ateist,i kako i site veri sakam i mojata "nevera"da se počituva,a i mene so nea,neli?

Најди! во Утрински
Свет
Ариел Шарон се врати дома
Грчки крст над македонски гробишта во Мала Преспа
По две децении затвор за претседателскиот пар на Тајван
Дали Албанија продавала НАТО-тајни на Русите
 


Moldovan president rejects treaty with Romania as 'illegal'
Balkans must fight harder against organised crime, says EU
New Hungarian media law proves controversial