Број 3431  сабота, 13 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Свет

По две децении затвор за претседателскиот пар на Тајван

Додека бил во претседателскиот кабинет Чен Шуи Бијан незаконски зел 20 млн. долари

ТАЈПЕЈ - Тајванскиот Врховен суд им изрече казна на поранешниот претседател Чен Шуи Бијан, антикинески поттикнувач чија реторика го налути Пекинг и го иритираше Вашингтон, и на неговата сопруга во времетраење од 19 години затвор по обвиненијата за корупција, изјави вчера официјален претставник на судот. Одлуката, која не може да биде обжалена, им стави крај на два случаи од мноштвото против поранешното прво семејство, што значи дека пресудата би можела да биде зголемена откако Врховниот суд ќе ги разгледа и другите обвиненија. Врховниот суд во јуни им изрече на Чен и на неговата сопруга 20-годишна затворска казна.

Судбината на Чен може да има влијание врз напнатите локални избори што ќе се одржат на 27 ноември, бидејќи тој беше единствен претседател во историјата на Тајван на антикинеска опозициска партија и се сметаше како носител на стандардот на партијата додека не поднесе оставка по обвиненијата што беа поднесени против него. Изборите што ќе се одржат во ноември се сметаат за предвесник на претседателската трка во 2012 година.

Чен, кој е во затвор веќе две години и ќе стане прв поранешен претседател што одлежал затворска казна, ги отфрла обвиненијата и посочува дека се политички мотивирани. Додека ја извршуваше функцијата претседател од 2000 до 2008 година тој се залагаше за официјална независност од Кина, која има претензии врз островот и бара обединување по шестдецениска одделна власт. Неговиот став ги вознемири Пекинг и САД, најверниот сојузник на Тајван, додека се обидуваше да изгради односи со Кина.

Чен и поранешната прва дама Ву Шу Јен, исто така, се соочуваат и со обвиненија за перење пари и злоупотреба на државните фондови. Случаите вклучуваат вкупно 20 милиона долари за кои Обвинителството наведува дека биле незаконски земени додека Чен бил во претседателскиот кабинет. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 969 пати.

Испрати коментар

Од: boris
Датум: 14.11.2010 00:14:16
Е вака треба и кај нас! Штом го фатиш на дело,одма во затвор,а не истите кај нас,кај не' крадат 20 години,па уште и ги гласаме за повеќе на власт да останат!

Најди! во Утрински
Свет
Ариел Шарон се врати дома
Грчки крст над македонски гробишта во Мала Преспа
Како Европа потфрли во БиХ
Дали Албанија продавала НАТО-тајни на Русите






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry