Финале за „без пари“
Влезниците во претпродажба чинеа сто евра, нивната цена вчера падна на 600 денари
Соочени со слабиот интерес за публиката на натпреварот за третото место меѓу Русија и Германија, ЕХФ и организаторот решија да ги отворат вратите и да дозволат слободен влез за финалето меѓу Норвешка и Шпанија. Влезниците во претпродажба чинеа сто евра, нивната цена вчера падна на 600 денари, за на крајот да се дозволи бесплатно следење на финалето од трибините.
Челниците на ИХФ и на ЕХФ заедно
Европското првенство во Македонија ги спои првите луѓе на Светската и на Европската ракометна федерација, кои допатуваа на завршницата во Скопје. Претседателот на ИХФ, Хасан Мустафа, и неговиот колега од ЕХФ, Тор Лиан, заедно ги проследија полуфиналните натпревари во саботата, како и малото и големото финале вчера.
Резултати и пласман
Финале: Норвешка - Шпанија 34:21 (13:12).
За трето место: Русија - Германија 24:21 (17:11).
Полуфинале: Шпанија – Германија 32:29 (12:13), Норвешка – Русија 24:18 (12:7).
За петто место: Романија – Хрватска 36:33 (29:29, 12:14).
Конечен поредок
1. Норвешка, 2. Шпанија, 3. Русија, 4. Германија, 5. Романија, 6. Хрватска, 7. Македонија, 8. Шведска, 9. Унгарија, 10. Украина, 11. Данска, 12. Белорусија, 13. Србија, 14. Франција, 15. Австрија, 16. Португалија.
Идеален состав на ЕП
Голман: Катрине Лунде Харалдсен (Норвешка)
Лево крило: Валентина Елисеи-Ардеан (Романија)
Лев бек: Тоње Ларсен (Норвешка)
Среден бек: Кристине Лунде (Норвешка)
Пикер: Бегоња Фернандез (Шпанија)
Десен бек: Грит Јурак (Германија)
Десно крило: Лин Кристин Ригелут (Норвешка)
Најдобар играч: Кристине Лунде (Норвешка)
Најдобар стрелец: Лин Кристин Ригелут (Норвешка)
Најдобар дефанзивец: Надежда Муравјева (Русија).
|