Број 2862  понеделник, 15 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Спорт

Брио: Имаше потешкотии, кои се надминуваа во од

Михајловски: Им покажавме на скептиците дека можеме да организираме ваков настан

Европската ракометна федерација на завршната прес-конференција во целина изрази задоволство од тоа како помина Европското првенство во Македонија, но напомна дека имало и потешкотии, кои биле надминати.

„Имавме некои потешкотии за време на првенството, но ги надминувавме во од заедно со Ракометната федерација на Македонија и со делегациите на земјите-учеснички, кои покажаа крајно добра волја и кооперативност во тој поглед. Работите се решаваа во од и благодарение на големиот број волонтери, а би сакал да му се заблагодарам и лично на господинот Михајловски за речиси секојдневното присуство“, изјави потпретседателот на ЕХФ, Жан Брио. Претседателот Тор Лиан и генералниот секретар Михаел Видерер, пак, се задржаа само на натпреварувачкиот аспект, па првиот рече дека ова натпреварување било празник на ракометот, а вториот ја потенцира Шпанија како пример дека за кратко време може да се стигне до самиот европски врв.

В.д. претседателот на РФМ, Михајло Михајловски, ги пофали сите што учествуваа во организацијата, Владата за финансиската помош и за гаранциите, публиката за спортското навивање и за поддршката и кога губевме, како и ракометарките и Стручниот штаб на македонската репрезентација за најголемиот успех на европските првенства.

„Многу сум среќен што и во Македонија се случи настан од големо значење за државата и за спортот, а посебно за ракометот, кој е спорт број еден кај нас. Голема благодарност до ЕХФ за доблеста да ни доверат организација на ЕП, а уште позадоволен сум што изразуваат задоволство од организацијата. Изјавите и на другите учесници дека организацијата била на завидно ниво не' прави уште погорди. Имаше многу скептици дека овој настан е голем залак за нас, но покажавме дека можеме“, рече Михајловски.

„Мислам дека и покрај малите проблеми во почетокот, ги надминавме навреме. Се трудевме и како што одминуваше ЕП беше се' подобро“, смета генералниот секретар на РФМ, Марјан Начевски.

ЕП во Македонија го пренесуваа 35 ТВ-станици, сликата одеше во 58 земји, а интернет-страницата на првенството забележа над 1,6 милиони посети, с��која од нив во траење од шест минути во просек, од што се посебно задоволни во ЕХФ. (Р.Д.)


Статијата е прочитана 425 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Шампионски хет-трик на Норвежанките
Финале за „без пари“
Македонија до Кина преку Австрија
Кометал во Вардар, сепак, до јуни?
Ниту Касилјес не ги спаси „кралевите“
Сензационалните „тигри“ го сопреа и Ливерпул
Димевски без противкандидат реизбран за претседател на КФМ
Сензационалниот Швајцарец Јанка до својата прва победа
Атланта ја прекина победничката низа на Кливленд
Реми на арената „Мерцедес Бенц“, Хамбургер минимално со Ајнрахт
Прва победа на Михајловиќ на клупата на Болоња