Брoj 2673  вторник, 29 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Нафтата со нов рекорд од речиси 120 долари

ЊуЈорк - Цените на нафтата вчера на берзата во Њујорк повторно скокнаа на рекордна вредност од речиси 120 долари за барел. До ова ново поскапување дојде откако петрохемиската корпорација (Би-Пи) поради штрајк во шкотската рафинерија „Гренџмоут“ го затвори нафтоводот со кој се испорачува третина од нафтата од британските наоѓалишта во Северно Море до рафинериите во Велика Британија, како и поради оружениот напад врз полицијата во Нигерија која го обезбедува најголемиот нигерски терминал за нафта и гас.

Американската лесна нафта за испораки во јуни поскапе за 1,41 долар или за 1,2 отсто во однос на тргувањето од петокот, на 119,93 долари при електронското тргување на Стоковата берза во Њујорк, што е највисока цена од почетокот на терминското договарање во 1983 година. Нафтата на берзата во Њујорк само во текот на минатата година поскапе за 82 отсто.

Нафтата од типот „брент“ во Лондон за испораки во јуни поскапе за 1,16 долари или еден отсто, на 117,50 долари за барел, откако на 25 април ја достигна рекордната вредност од 117,56 долари.

Британската компанија „Бритиш петролеум“ (Би-Пи) вчера го затвори нафтоводниот систем „Фортис“ со кој се пренесува речиси 40 отсто од вкупното британско производство на нафта, односно повеќе од 700.000 барели дневно, откако штрајкот на вработените во рафинеријата „Гренџмоут“ во централниот дел на Шкотска доведе до намалување на испораките. (МИА)

 


Статијата е прочитана 163 пати.

Испрати коментар

Од: Nikola
Датум: 29.04.2008 09:27:02
УА Влада!!!Пак поскапи нафтата!Уа,влада!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Владата со врзани раце за увоз на пченица
Кралот на челикот, Индиецот Лакшми Митал, најбогат во Велика Британија
„Гранит“ лани остварил добивка од 5,4 милиони евра
„Фершпед“ со профит од 3,1 милиони евра