„Фершпед“ со профит од 3,1 милиони евра
Компанијата „Фершпед“ остварила профит од 3,1 милиони евра, или близу 190 милиони денари во текот на минатата година. Ова го покажуваат финансиските извештаи на оваа наша шпедитерска компанија за 2007 година.
Собранието на акционери на „Фершпед“, друштво за меѓународна и внатрешна шпедиција со јавни и царински складишта, неодамна донесе одлука за распределба на оваа добивка по оданочување.
Притоа, како дивиденда за акционерите ќе бидат исплатени 33 милиони денари, или 537 илјади евра, а нераспределената добивка е 157 милиони денари, или 2,54 милиони евра.
Ваквите финансиски резултати покажуваат дека и минатата година им одело добро на големите и успешни македонски компании, кои во овој период ги прикажуваат билансите на успех за 2007 година и остварените добивки. (Н.Н.Ф.) |