Брoj 2799  понеделник, 29 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Скопје

Екофестивал на Вардар

Од понеделник до четврток ќе се одржи манифестацијата Екофестивал на Вардар. Манифестацијата е во рамки на Септемвриската културна обнова и ја организира Младинскиот културен центар во соработка со НВО „Обука“. Фестивалот, што ќе се случува на кејот на Вардар има за цел да ги одрази различните градски слоеви, мултиетничкиот, мултирелигискиот и мултикултурниот карактер на градот на двата брега на реката. Фестивалските активности ќе претставуваат спој помеѓу урбаното, градот, културата, природата, реката, животната средина. Преку низа уметнички и културни содржини, во текот на четиридневните случувања треба симболични да се покаже како да се подобрува и како да се негува односот на граѓаните спрема градот и реката. Програмските содржини на фестивалот ќе ги вклучат жанровите стрит-арт, ленд-арт, инсталации, јавни акции.




Статијата е прочитана 212 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
Хуманитарна продажба на детски ракотворби
Ќе се реконструираат 24 мовчиња во Градски парк
Автобусите без електронска наплата ќе бидат надвор од превозот
Обележување на светилките во Гази Баба