Хуманитарна продажба на детски ракотворби
По мотото „Од децата - за децата“ завчера во ресторанот на „Мекдоналдс“ во населбата Аеродром се одржа хуманитарна продажба на детски ракотворби што беа изработени на детскиот екокамп „Котиледонија 2008“ на Пелистер. Собраните средства деновиве ќе бидат подарени на Клиниката за детски болести. Хуманитарниот настан на кој присуствуваа стотина граѓани, учесници на кампот, но и други хумани луѓе, го организираше продукцијата „Котиледон“ во соработка со детската ТВ-емисија „Ај ти замижи“. |