Број 3425  сабота, 06 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Македонија

Промовиран филм за претседавањето со Генералното собрание на ОН

Во постојаната мисија на Катар при Обединетите нации во Њујорк се одржа промоција на документарниот филм за работата на 62. заседание на Генералното собрание „Отворени врати“, со кое претседаваше Срѓан Керим. На промоцијата, покрај Керим, се обратија домаќинот Насир Абдулазис Ал-Насер, постојан претставник на Катар при ОН и продуцентката Бренда Вонгова.

Преку филмот Вонгова и' дава можност на светската јавност да ѕирне зад кулисите на „парламентот на човештвото“. Преку работата на Срѓан Керим, Вонгова во документарецот дава одговор на прашањето колкаво влијание може да имаат посветеноста, проактивноста и личното залагање на претседателот на Генералното собрание во зголемувањето на ефективноста на мултилатерализмот како основна определба на организацијата, како и во соочувањето со новите предизвици пред кои е исправена.

„Овој филм е сведоштво за незаменливата улога на Обединетите нации во справувањето со сите проблеми што го оптоваруваат човештвото. Односно, за нивниот универзален карактер како организација“, изјави Керим.

„Длабоко бев инспирирана да го снимам овој документарец, бидејќи искрено го ценев ангажманот во тимот на Срѓан Керим. Тој не само што беше ефективен лидер и поттикнувач на меѓународни активности на импресивен спектар од критични предизвици на нашето време - вклучувајќи ги и климатските промени и хуманитарната помош - туку и човек со голема љубезност и скромност“, нагласи продуцентката Вонгова.

На промоцијата присуствуваа високи претставници од организацијата на Обединетите нации, дипломатскиот кор и други еминентни гости од градот Њујорк. (Д.Р.)


#
Статијата е прочитана 825 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Стразбур го опомена Борисов за Македонците
Македонија поканета на самитот на НАТО
Струга со врзани раце поради џамија без дозвола
Делавекурас
Конечно споменик за бранителите






Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia
Bulgaria loses case against suspected mafia bosses
Hungarian firms seek EU help to block crisis tax