Број 3425  сабота, 06 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Македонија

Македонија поканета на самитот на НАТО

Делегацијата ќе ја предводи претседателот Иванов, а ќе учествуваат и министрите Коњановски и Милошоски

Тамара Грнчароска

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов ќе ја предводи македонската делегација на самитот на НАТО во Лисабон на крајот од ноември. Во делегацијата ќе бидат и министрите за одбрана и надворешни работи, Зоран Коњановски и Антонио Милошоски.

Според неофицијални информации, македонскиот лидер, сепак, нема да учествува на средбата на НАТО-лидерите, туку на состанокот на земјите-контрибутори во мисијата ИСАФ во Авганистан, што ќе одржи еден ден по централниот состанок на Алијансата. На минатогодишниот самит во Стразбур и во Кел Македонија воопшто не беше поканета, а објаснувањето беше дека тоа било така бидејќи самитот бил јубилеен и свечен, а не работен. Освен состаноците на ИСАФ, Македонија последните години практично нема форум на кој би седнала на иста маса со земјите-членки на Алијансата, па мисиите во странство останаа единствената врска што ја држат „жива“ нашата соработка со воениот сојуз.

Македонија до 2008 година ги исполни сите потребни армиски реформи и услови да добие покана за членство, но поради спорот со името тоа не се случи, односно таа беше условена со решавање на проблемот. Иако самитот во Лисабон во политичките кругови се форсираше како еден од роковите за решавање на спорот околу името, како услов да се активира поканата за членство, на дваесетина дена пред неговото одржување извесно е дека македонската делегација ќе замине таму без очекувања дека Македонија како тема ќе се најде на дневниот ред на состанокот.

Македонските власти изминатите недели бараа земјава да биде примена под референцата „ПЈРМ“, но од НАТО демантираа каква било можност такво нешто да се расправа или да се случи, поради одлучувањето со консензус. Дилемата сега е дали во завршните заклучоци ќе биде повторена или не условената покана од Букурешт, поради двојната замка - да биде протолкувано како дигање раце од неа ако не се најде во документите од лисабон или ако се отвори прашањето повторно, да биде испроблематизирана од некои земји-членки што не се задоволни од тоа каде оди Македонија и од тоа до кога е рокот на траење на заклучокот од Букурешт.


#
Статијата е прочитана 1344 пати.

Испрати коментар

Од: Aco
Датум: 06.11.2010 12:43:19
Ne treba da ima Makedonska delegacija vo Lisabon bez razlika dali ke ne primat vo NATO klubot ili ne .vo slucaj da ne ne primat moj licen predlog e Makedonija treba da tresnat vratata vo oci na NATO Alijansa ne znam dali ke me nekoj razbere sto sakam da kazam poz Aco

Најди! во Утрински
Македонија
Стразбур го опомена Борисов за Македонците
Промовиран филм за претседавањето со Генералното собрание на ОН
Струга со врзани раце поради џамија без дозвола
Делавекурас
Конечно споменик за бранителите






Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia
Bulgaria loses case against suspected mafia bosses
Hungarian firms seek EU help to block crisis tax