Број 3425  сабота, 06 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Македонија

Делавекурас: Не е планирана нова средба пред самитот

Атина - Не е планирана нова билатерална средба меѓу шефовите на владите на Грција и на Македонија, Јоргос Папандреу и Никола Груевски, пред самитот на НАТО во Лисабон, изјави портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи, Грегори Делавекурас.

„Немаме планирано средба пред Самитот на НАТО и навистина не мислам дека може да очекуваме таков брз развој на настаните со оглед на случувањата до денес. Сепак, убедени сме дека доколку раководството на ПЈРМ навистина одлучи дека е подготвена за некаков прогрес, тогаш решението навистина може да се случи многу брзо“, изјави Делавекурас на средбата со новинарите во Атина.

Тој посочува дека Атина се надева на напредок што е можно поскоро, што било и грчка позиција, презентирана од политичкото раководство на земјата на сите нивоа и во секоја пригода. Во тој дух, посочи, се одржа и последната средба на Папандреу и Груевски што, всушност, се одвивала во добра клима. „Тоа беше суштествена и неформална средба меѓу двајцата премиера и се надевам дека таа средба ќе создаде можност за промена во ставот на раководството на ПЈРМ, што ќе ни овозможи наскоро да постигнеме решение“, рече Делавекурас. (МИА)


#
Статијата е прочитана 717 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Стразбур го опомена Борисов за Македонците
Промовиран филм за претседавањето со Генералното собрание на ОН
Македонија поканета на самитот на НАТО
Струга со врзани раце поради џамија без дозвола
Конечно споменик за бранителите






Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia
Bulgaria loses case against suspected mafia bosses
Hungarian firms seek EU help to block crisis tax