Број 3425  сабота, 06 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Македонија

Конечно споменик за бранителите

Родителите на загинатите се незадоволни бидејќи сакаа бисти за своите загинати деца

БИТОЛА - Седумтемина битолски бранители што загинаа во конфликтот 2001 година в година ќе добијат споменик во центарот на Битола, во паркот кај Саат-кулата. Ова го вети градоначалникот на Битола по години маргинализирање на прашањето и најави дека обележјето ќе биде откриено напролет 2011 година, на десетгодишнината од смртта. Но, бранителите нема да бидат претставени со бисти како што бараа родителите и роднините на загинатите, туку со скулптура на ангел што ќе ја симболизира слободата, дело на авторот Ангел Коруновски од Велес.

Споменикот ќе биде во чест на Марјан Божиновски, Кире Костадиновски, Бошко Најдовски, Илче Стојановски, Влатко Миленковски, Благојче Силјановски и Пеце Матичевски чии животи згаснаа кај Вејце и Гајре во април и јуни 2001 година.

„Овој споменик им го должиме на тие прекрасни млади луѓе. Жал ми е што не можеше порано да се случи. Пред Саат-кулата постои маркича за тој споменик, финишираат подготовките за постаментот, а споменикот ќе биде поставен на денот на трагичната смрт на бранителите“, вети градоначалникот Владимир Талески.

Во изминатиот период премногу се спореше и дебатираше на која локација и каков споменик треба да се подигне за бранителите од Битола. Иако одлуката е конечна, сепак, семејствата и роднините на бранителите не се задоволни. Дел од нив и натаму со став дека требаше да се направат бисти за нивните деца наместо ангел.

„Се уморивме и од животот и од нашата трагедија. Немаме повеќе сила да се спротивставиме. Со години инсистиравме на споменици со ликовите на нашите деца, ама никој не сака да слуша“, вели револтирано мајка на загинат бранител.

Незадоволство од односот на општината кон загинатите и живите бранители искажаа отворено и од битолското здружение „Достоинство“, кое има над илјада члена.

Според Сашо Гилевски, претседател на ова здружение, цели три години тропале на вратата на градоначалникот, но тој не сакал да ги сослуша.

„Гневни сме на односот на Талески кон битолските бранители. Тој четири години од неговиот мандат не најде време да не прими. Не ги споменува бранителите на ниту еден празник. Заборави и на мртвите и на живите бранители. Молиме да обезбеди канцеларија за здружението, но залудно“, револтирано реагира Гилевски.

И додека за поставување на споменикот повеќе нема дилеми, се' уште нема информации кога општината ќе го постави споменикот на Филип Втори на плоштадот „Магнолија“. Градоначалникот на Битола продолжува со познатата реторика. И натаму одбегнува јасно да проговори дали и кога ќе биде поставен коњаникот на античкиот крал. Постамент има, ама споменикот три години стои покриен во дворот на општината.

„Има поединци што направија политичка тема од споменикот Филип Втори. Па дури во еден период поставувањето на споменикот го наметнаа како проблем од највисок ранг за државата. Тука не' преценија. Тој проблем се исполитизира и се наметна вештачки. За да не даваме шлагворт за манипулација, одлучивме да го поставиме споменикот кога ќе се создадат услови за тоа“, рече градоначалникот.

Опозицијата пресмета дека за споменикот Филип Втори од буџетот на општината се потрошени околу половина милион евра. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 795 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Стразбур го опомена Борисов за Македонците
Промовиран филм за претседавањето со Генералното собрание на ОН
Македонија поканета на самитот на НАТО
Струга со врзани раце поради џамија без дозвола
Делавекурас






Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia
Bulgaria loses case against suspected mafia bosses
Hungarian firms seek EU help to block crisis tax