Брoj 2740  петок, 18 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Електрохаварија во педесет домаќинства во Прилеп

ПРИЛЕП - Во педестина домаќинства на улица „Мирче Ацев“ во центарот на Прилеп, завчера околу 17,30 часот се случила вистинска хаварија во електромрежата. Локалното радио МЕФФ еден ден е без програма поради дефектот во електромрежата, а во сите куќи од маалото се прегорени електроапарати. Пожарот што избувнал во една куќа, за среќа, бргу е изгаснат, со што е спречена поголема несреќа.

„Ужасно беше. Се' се тресеше. Чадеа сите неонки, од штекерите излегуваше чад. Телевизорите, компјутерите, машините за перење, апаратите за кои сме штеделе со години да ги купиме изгореа за една минута“, се жалат вознемирени жители. Во куќата каде што избил пожарот немало никој.

„За среќа, некој го предупредил син ми да види што се случува дома. Кога забележале дека излегува чад од собите, пријавиле во ТППЕ, пожарникарите интервенирале и поминавме само со штетите поради прегорени апарати. Во спротивно ќе останевме без куќа“,вели Ѕвонко Ѓорѓиев.

Најголеми се штетите во локалното радио МЕФФ. Сопствениците велат комплетно им прегорела целата опрема што ја набавиле од Италија во вредност од 12.000 евра, која ја инсталирале само пред пет дена.

„Ако не бевме дома, не само без опрема, туку ќе останевме на улица. Добро беше што во таа паника голем дел од луѓето беа присебни. Вадевме осигурувачи, ги исклучувавме апаратите. Но, ова што се случи, досега не сум го видел. Го мерев напонот кај столбот, изнесуваше 380 волти. Кој е виновен за ова, не знам. Но, некој мора да ни ја плати штетата“, категоричен е Петко Јовески, сопственикот на радио МЕФФ.

Сите домаќинства веќе реагирале во ЕВН-ЕСМ и велат им било ветено дека ќе дојде екипа од Скопје да изврши увид.

„Имало дефект во водот од трафостаницата, фазата нула била прекината, немало една фаза. Се случуваат вакви дефекти, но д��полнително треба да се откријат причините зошто се случило тоа. Дефектот е саниран, експерти на самото место ќе вршат процена на штетите, а потоа домаќинствата ќе бидат обесштетени“, информира Златко Попоски, заменик-портпарол на ЕВН-ЕСМ. (Мн.Т.)


Статијата е прочитана 246 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Во градовите повеќе се раѓаат, но и повеќе умираат
Млекарниците ја симнаа цената за откуп на млекото
Научниците ќе добијат повеќе пари за нивните лаборатории