Доли Партон
Планира да умре на сцена
Шеесет и петгодишната кантри-пејачка Доли Партон изјавила дека уште не сака да се повлече и планира еден ден да умре на сцена.
Иако има 65 години, легендата на американската кантри-музика, Доли Партон, не планира во скоро време да ја заврши својата кариера. Неодамна изјавила дека со пеењето ќе престане така што еден ден ќе падне мртва на сцена, пред обожавателите.
Доли, исто така, изразила желба да сними дует со контроверзната пејачка Лејди Гага, објаснувајќи дека и таа самата ексцентрично се облекувала во младоста, пред Гага воопшто да биде родена. |