Број 3651  вторник, 09 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Забава

Пет минути интервју

Не ги кријам годините

Билјана Беличанец-Алексиќ - актерка

Валентина Тодоровска

Неодамна славеше роденден. Ќе те прашам за годините, за жените што ја „забораваат“ годината на раѓањето? Како стоиш со тоа прашање?


„Лично немам проблем со годините, ги имам сега веќе 38 и не гледам зошто би ги криела. Со досегашното мое животно искуство, можам само да кажам дека секоја доба си има своја убавина. Се трудам гордо да си ги носам. Важно е само едно - детето во себе некаде по пат да не се загуби. Сепак, тоа е она што ги негува духот и ведрината на една личност“.

Има ли повеќе живот, енергија во лето? Романтика, страст? Плажа, сонце, слободно време, препуштање...

„Мене лично летото ништо посебно не ми значи. Период како и сите други годишни времиња. Признавам, ме нервира горештината, не сум некој љубител на плажи, сончање и капење. Сега во него наоѓам една добра страна, зашто децата ми се слободни, па времето го врвам со нив. А да, се радувам на овошјето и зеленчукот што ги има во изобилство“.

Кои се одморите што ги паметиш?

„Секако дека ги паметам детските одмори од некое друго време. Нам ни беше овозможено од мали да одиме организирано и на море, и на езеро и на планина со деца. Тоа имаше некоја посебна убавина, она што го нема сега за нашите деца. Потоа, одморите како девојка, која знаеше и сама да замине 10-15 дена на одмор, а таму никого да толерира, туку да си ги исполнува само сопствените желби и потреби. И сега, секако, се овие фамилијарните што имаат основен предзнак, а тоа е како на црвците да им биде поубаво - позабавно“.

Ти недостасува ли работата во лето? Вие актерите сте привилегирани по тоа прашање. Имаш ли некакви планови за есен?

„Се случувале долги и работливи жешки лета, во подготовки и премиери на претстави по фестивали низ Македонија. Тоа кај нас никогаш не се знае. Но, оваа година, ете ми се погоди да не сум ангажирана. Секако, морам да споменам дека некаде до средината на јуни интензивно течеа подготовките на новата ’Грев или шприцер‘, стасавме до една фаза, за веќе во септември да финансираме и да се случи премиера и отворање на новата театарска сезона“.


#
Статијата е прочитана 2461 пати.

Испрати коментар

Од: Vesna
Датум: 09.08.2011 09:51:29
Biljana, ti si edna od najomilenite zenski likovi kaj nas. Sekogas ke bides odlicna akterka i prekrasna zena. Ti poskauvam se najdobro.
Од: Irena
Датум: 09.08.2011 10:44:40
Biljana e eden od najdobrite akteri vo Makedonija. I posakuvam uste podobra kariera i se najdobro vo zivotot. Taa e kompletna licnost vo sekoj pogled.

Најди! во Утрински
Забава
Хенеси веном GT нов брзински рекордер?
Планира да умре на сцена
„Кога лисјата паѓаат“ продолжува на Алсат М

"""