Број 3126  среда, 04 ноември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Спорт

Болт посвои гепард

Светскиот и олимписки шампион на 100 и на 200 метри Јусеин Болт посвои мал гепард од Националниот парк на Кенија во Најроби. Раководителот на службата за животински свет во националниот парк, Џулијус Кипнгетик, изјави дека тоа е првпат во историјата да се сретнат најбрзото животно и најбрзиот човек на планетата.

Болт, кој порано се плашел од гепарди, рече дека се премислил додека го хранел тримесечниот гепард, кое го нарече Молња. Неверојатниот спринтер плати 13.700 долари за посвојувањето, а секоја година ќе уплатува уште по 3.000 долари за неговите потреби во паркот во Најроби. Јусеин Болт е во посета на Кенија и реши да помогне во зачувувањето на природните богатства на земјата.

Гепардот е една од најбрзите и највешти животни, способни да трчаат со брзина од 120 километри на час. На тој начин светскиот рекордер од Јамајка му се придружи на колегата Колин Џексон, кој порано посвои антилопа.

Премиерот на Кенија, Раила Одинга, неодамна посвои две мали лавчиња, изјавувајќи притоа дека негова „граѓанска должност“ е да се зачува животинскиот свет, не само поради туризмот, туку и поради генерациите кои доаѓаат.


#
Статијата е прочитана 155 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Бенитез верува во духот на Ливерпул
Казан седиште на татарската култура и фудбалската сензација Рубин
Серена рекордер според заработката
Николовски смета дека може да го победи Хаџи-Ристески
Голем скок на рејтингот на Георгиев
Лино Червар заздравува по операцијата
Џинобили се вакцинира од беснило поради лилјак
Јотовски на главниот турнир во Сантјаго