Број 3126  среда, 04 ноември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Спорт

Серена рекордер според заработката

Вилијамс годинава од настапите на турнирите заработи 6,5 милиони долари

Серена Вилијамс ќе ја заврши 2009 година не само како број еден на ВТА-листата, туку и како нов рекордер според заработката од турнири во текот на една година. Заедно со 1,55 милиони долари што ги доби за триумфот на ВТА-шампионатот во Доха во неделата, годинашното салдо на Американката нарасна на 6.545.586 долари, што е нов рекорд според заработувачката во една година.

Вилијамс истовремено е и спортистката со најдлабок џеб во светот. Со двојната круна (сингл и двојки) на Австралија опен во јануари годинава, таа стана првата спортистка што ја надмина сумата од 23 милиони долари, колку што вкупно има заработено од турнирите.

За колку фрапантна прогресија во заработката станува збор покажува споредбата со парите што тенисерките ги добиваа пред нецели четири децении. Во 1971 година, на пример, вкупниот награден фонд на 19. ВТА-турнири беше 309.100 долари, за во 2009 да порасне на повеќе од 86 милиони на 55. турнири, вклучувајќи ги и четирите гренд-слеми со кои не оперира ВТА.

Били Џин Кинг во 1971 беше првата тенисерка што ја надмина шестцифрената сума на заработувачката во една сезона. Во 2008, пак, 143 тенисерки заработија над 100.000 долари во текот на сезоната.

Со триумфот во Палм Спрингс 1976, Крис Еверт стана првата тенисерка што заработила еден милион долари во кариерата. Десет години подоцна Мартина Навратилова на Ју-Ес индорс ја проби границата од 10 милиони долари заработени од турнирите во кариерата.

Освојувајќи го Вимблдон во 1982, таа се промовира себеси и во најголем профитер меѓу тенисерите воопшто, надминувајќи ги и Крис Еверт и Џими Конорс, нешто со што можеше да се пофали до 1989. Таа година Навратилова стана и првата тенисерка со заработени повеќе од еден милион долари во една сезона, завршувајќи ја годината со 1.475.055 зелени банкноти.

Во 1984 тенисерката родена во Чешка ја помина и границата од два милиона долари собрани во една сезона, во 1997 ја урна и бариерата од три милиона. Во 2003 Ким Клајстерс го натфрли салдото од четири милиона, а во 2007 Жистин Енан стана првата спортистка со заработени над пет милиони долари во една сезона.

Во три случаи жена имаше најмногу заработено во светскиот тенис: 1984 - Мартина Навратилова, 1991 - Моника Селеш и 2003 - Ким Клајстерс. (ВТА тур).



И Томи Хас заразен со свински

грип



Според пишувањето на германскиот „Билд“, Томи Хас е заразен со вирусот Х1Н1 по завршувањето на првото коло на АТП-турнирот во Стокхолм.

„По мечот не ми беше добро. Не можев да одам и добив висока температура. Три дена лежев во хотелската соба во Стокхолм. Немав сила да станам, а не да се вратам во Германија. Кога дојдов во Минхен, по анализите лекарот ми соопшти дека имам свински грип. Тоа беше вистински шок за мене“, изјави Хас.

Германскиот тенисер денес треба да ги добие резултатите од тестот на крв, но нагласува дека се чувствува многу подобро во однос на по��етниот стадиум на болеста.


#
Статијата е прочитана 132 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Бенитез верува во духот на Ливерпул
Казан седиште на татарската култура и фудбалската сензација Рубин
Николовски смета дека може да го победи Хаџи-Ристески
Голем скок на рејтингот на Георгиев
Лино Червар заздравува по операцијата
Џинобили се вакцинира од беснило поради лилјак
Јотовски на главниот турнир во Сантјаго
Болт посвои гепард