Каракамишева: „Синот ми е најголема радост“
Професорката на Правниот факултет во Скопје и нејзиниот сопруг, Константин Јовановски од Канцеларијата на ЕУ во Скопје, на 1 ноември добија принова во семејството
Професорката на Правниот факултет во Скопје, Тања Каракамишева, и нејзиниот сопруг, Константин Јовановски, задолжен за односи со јавност во Канцеларијата на Европската унија во Скопје, на 1 ноември ја добија првата заедничка рожба, синчето Кристијан. Бебето се роди со царски рез во болницата „Систина“ и заедно со мајката веќе ужива во заедничките мигови во домашна атмосфера. Заедно со нив, се разбира, се радува и таткото (за него ова е второ синче), кој ни кажа дека Кристијан е навистина мирно бебе.
„Многу е мирен, не прави никакви проблеми. Се доиме, бањаме, спиеме, какаме, менуваме пелени... Ова е нова животна школа за мене и морам да признаам дека чувството е супер. Да се биде мајка е најубавото чувство на светот“, вели Тања Каракамишева.
Таа сосема непристрасно ни призна и дека малиот Кристијан е копија на својот татко Тино. „Целиот е плукнат на него! Се надевам дека ќе смени во иднина, па барем малку ќе позаличи и на мене, ха, ха, ха...“ (У.В.)
|