Број 3427  вторник, 09 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Забава

Ем-ти-ви награди

Лејди Гага победничка во отсуство

Лејди Гага е најголемата победничка на годинешното доделување на наградите Ем-Ти-Ви што се одржа во неделата во Мадрид. Таа освои три признанија, но не беше присутна во шпанската престолнина, туку во три наврати го прекинуваше својот концерт во Будимпешта за да им се заблагодари на фановите. Гага ги освои наградите за најдобро поп-видео, најдобар женски изведувач и за најдобра песна (за песната „Лоша романса“).

Водителка на програмата беше „очајната домаќинка“ инаку холивудска ѕвезда Ева Лонгорија, која ја загреа атмосферата со потсетување дека Шпанците летово го освоија Светското првенство во фудбал.

Првата награда на доделувањето ја зема Кејша во категоријата за најдобар нов изведувач.

Бон Џови ја доби наградата за глобална икона на Ем-Ти-Ви, додека наградата за најдобар спот и' припадна на Кејти Пери, која му се заблагодари на раперот Снуп Дог за учеството во нејзината песна „Калифорнија грлс“.

Малку неочекувано, наградата за најдобар машки изведувач, каде што во номинациите преовладуваа рапери, ја освои Џастин Бибер. „Линкин парк“ заминаа дома со статуетка на Ем-Ти-Ви за најдобар настап, која им ја врачи бившиот гитарист на „Ганс енд роузис“, Слеш.

Еминем, во стилот на Лејди Гага, ја прими наградата за најдобар хип-хоп изведувач, заблагодарувајќи им се на своите фанови од Бразил. Пејачот Енрике Иглесија ја доби наградата за најдобар европски изведувач.

Бендот на актерот Џеред Лито „30 секондс ту Марс“ ја освои награда за најдобар рок-изведувач.

За крај на вечерта настапија легендарните „Бон Џови“, изведувајќи ја песната „Итс мај лајф“.


#
Статијата е прочитана 510 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Неверојатната сага на катедралата на Гауди
Каракамишева
„Златно славејче“ е галениче на македонскиот народ
„Шкода јети 1,4 TSI“ - освојува со „даунсајзинг“
Tрка за најголем радиски хит
Бракот го чува со жешки ноќни средби






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis