Број 2850  сабота, 29 ноември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Кампања на СРД против вулгарните ТВ-содржини

„Да не дозволиме телевизорот да ни ги воспитува децата“, е слоганот на медиумската кампања која деновиве ќе се промовира на локалните и на националните телевизиски станици. Со оваа кампања Советот за радиодифузија апелира до родителите да внимаваат какви содржини гледаат нивните деца на телевизија.

Видеоспотовите на СРД презентираат примери на недолично или агресивно однесување кое може да се јави кај малолетниците поради изложеност на за нив несоодветни телевизиски содржини. Кампањата е изработена во соработка со Националниот аудиовизуелен совет на Романија. Претседателот на СРД, Зоран Стефаноски, вчера апелираше до медиумите да обрнат внимание на содржините што се емитуваат во вестите. „Зачестените појави на вулгарност и морбидност апелираат до моралната свест на новинарите и уредниците“, рече Стефаноски на вчерашниот прес, појаснувајќи дека Советот не инсистира на цензура на информациите, туку на избегнување на експлицитни кадри и вулгарности. „Објективноста на новинарската професија не смее да се изедначува со неморалноста“, додаде Стефаноски.

Тој изрази надеж дека електронските медиуми ќе ја поддржат кампањата со емитување на спотовите. Кампањата нема да се емитува во законски предвиденото времетраење на рекламите и телешопот во програмската шема на телевизиите. (А.П.)


Статијата е прочитана 484 пати.

Испрати коментар

Од: goce
Датум: 28.11.2008 22:26:50
eden apel do srd ako moze da reagira do emisijata "bumbar" da izvrsi promeni vo konceptot,zatoa shto segasniot koncept deluva negativno kon sekoj gledac na ovaa emisija,t.e. javno i namerno se stvaraat antipatii kon odredena grupa na luge,a zatoa e vinovna i samata voditelka
Од: Kiril
Датум: 29.11.2008 07:07:33
Ne treba kampanja za ova. Dovolno e da se trgne Latas od TV i gotovo. Site koi zemaat primet od nego kje gi snema odednas. Toj vnese nekultura, nevkus i navredliv ton vo eterot.
Од: Anastas
Датум: 29.11.2008 08:53:20
Toni Mihajlovski vo emisijata Opusteno na TV sitel zborovite ....benje (vicot so zirafata)gi kazuva kako dobro vecer . Se emituva vo vreme koga decata se doma
Од: Iko od Kavadarci
Датум: 29.11.2008 09:02:29
Nie vo Kavadarci voopsto ne se vozbuduvame okolu seto ova. Toa sto go kaza Latas ne go ni zabelezuvame. Nie taka si se izrazuvame sekojdnevno. Neka slobodno pratenickite napravat anketna komisija i neka dojdat vo Kavadarci. Posle duri ce go baraat Latas. Seriozno razmisluvame da go proglasime Latas za pocesen gragjanin na Kavadarci!
Од: Kaster
Датум: 29.11.2008 11:10:02
Крајно време беше да се направи вакво нешто. Претераа приватниве телевизии. Треба државата да ја направи МРТВ како што треба по европски терк, да има квалитетна програма како ХТВ, па да ги видам после дали ќе пуштаат глупости приватните телевизии. Вака се додека е МТВ на коленици приватниците ќе прават што сакаат. Не може да каже некој смени канал бидејќи ова не е весник, па ајде нема да го купам. Со ова ми влегувате дома и јас треба да ве бркам. Поддршка до СРД и ја повикувам и владата да се вклучи во кампањата.
Од: skopjanec
Датум: 29.11.2008 11:39:18
Слободн земете си го Латас во Кавадарци, за џабе ви го даваме.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Опозицијата прашува каде се владините мерки во буџетот
Колку ќе расте македонската економија во 2009?
Пораст на платите за 1.000 денари
В година поевтино огревно дрво
Српскиот динар на историски минимум