В година поевтино огревно дрво
ЈП „Македонски шуми“ идната година нема да склучува договори за продажба на дрва со приватни складови, зашто тие во изминатите неколку месеци драстично ги зголемиле цените, информира директорот на јавното претпријатие, Димитар Бахчовански. Досега цената за прва класа бука беше 2.200 денари франко-склад, а приватниците ја продаваа до 3.500 денари. „Ќе отвориме регионални складишта во градовите каде што има повеќе население, а дрвна маса практично нема, како што се Скопје, Штип, Тетово“, рече Бахчовански. Според проекциите, Скопје ќе има вкупно четири складишта, во Петровец, Чаир, Драчево и во Ѓорче Петров. Направени се и корекции на цените. Селската сеча ќе чини 990 денари наместо 1.800, а се воведува и категоријата „остаток по сеча“ каде што, исто така, има поевтинување, од 1.200 денари на 600. (МИА) |