Број 2850  сабота, 29 ноември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Колку ќе расте македонската економија во 2009?

Според Виенскиот институт, во земјава БДП в година ќе оствари економски раст од 3 проценти

Нина Нинеска-Фиданоска


Нови и далеку попесимистички прогнози за тоа како ќе расте македонската економија во наредниот период пристигнаа деновиве од Виенскиот економски институт. Според предвидувањата на овој реномиран институт, во 2009 година бруто-домашниот производ во земјава се очекува да порасне за само 3 проценти, наспроти владините се' уште непроменливи прогнози дека македонската економија в година ќе оствари раст од дури 5,5 проценти, на кои го темели и буџетот за идната година.

Македонскиот премиер Никола Груевски во своето последно телевизиско интервју, прашан околу забелешките за големината на буџетот од дури 2,7 милијарди евра за 2009 година, коментираше дека ниту тој како премиер ниту Владата не ја одредува сама големината на буџетот, туку таа зависи од растот на економијата, врз основа на кој се планираат даноците што ќе се приберат во националната каса.

Во својот извештај, објавен на 27 ноември, Виенскиот економски институт предвидува дека годинава македонската економија ќе ја заврши со раст од 4 проценти, додека во 2009 година таа ќе има раст од три проценти, а исто толкав економски пораст се предвидува и за 2010 година.

Значи, институтот за 2009 ни прогнозира раст од три отсто, што е досега најнеповолна проекција од сите меѓународни институции што се занимаваат со оваа проблематика.

Претходно, Меѓународниот монетарен фонд излезе со прогноза дека економијата на Македонија идната година ќе има раст од пет проценти. Европската банка за обнова и развој, пак, деновиве излезе со прогноза дека во 2009 македонската економија ќе има раст од 4,7 отсто, а малку претходно, во извештајот на Европската унија, беше наведено дека земјава ќе има раст во 2009 година од 4,5 проценти. Но, најпесимистичка е прогнозата на Виенскиот институт, која предвидува раст од три отсто. Овие понеповолни предвидувања меѓународните институции и експерти ги објаснуваат со падот на македонскиот извоз и на производството, кое во октомври падна за 10 отсто во однос на истиот месец минатата година.

Нашата Влада, пак, упорно стои на ставот дека македонската економија в година ќе оствари раст од 5,5 отсто, што сепак е малку поублажена проекција од онаа што ја имаше претходно, дека ќе има раст од 6 отсто. „Проекциите за економскиот раст е дека тој во2009 година ќе биде околу 5,5 проценти. Растот ќе биде онолку колку што приватниот сектор ќе успее да оствари, а ќе зависи и од капиталните инвестиции на државата“, рече на вчерашната прес-конференција вицепремиерот Зоран Ставрески. Тој смета дека мерките што ги предлага Владата ќе му помогнат на стопанството да реализира висок раст.

Инаку, во извештајот на Виенскиот институт е наведено дека регионот на Централна, Источна и Југоисточна Европа не остана непогоден од влошената глобална средина и ќе се соочи со забележлив застој на економскиот развој, но не и рецесија, како во еврозоната или во САД. Развојот во новите земји-членки на ЕУ ќе опадне од просечните 6,3 отсто во 2007 година на 5 проценти во 2008 и 2,7 отсто во 2009 година. За 2010 година, оптимистичкото сценарио предвидува скромно закрепнување до 3,5 отсто. Во Југоисточна Европа, за 2009 година се очекува просечен развој од 3 отсто. Забележливиот застој во развојот е последица на силното паѓање на побарувачката за извоз од регионот, на застојот или дури паѓањето на инвестициите и прелевањето на меѓународната финансиска криза, која драстично ја намали достапноста на кредити. Невработеноста во 2009 година привремено ќе се зголеми во повеќето земји од регионот. Тие се главните заклучоци од најновите предвидувања на Виенскиот институт за меѓународни економски студии.

 


Статијата е прочитана 448 пати.

Испрати коментар

Од: saso
Датум: 29.11.2008 00:23:09
makedonskata ekonomija ke raste vo zavisnost od toa koj ke go kazuva podatokot.veruvam deka stavrevski i slavevski ke kazat deka imame ekonomski bum,ama realnosta ke bide nesto drugo
Од: viena
Датум: 29.11.2008 00:47:09
Vienskiot institut e najlosiot reper. nikogas ne pogodil nitu za stranski direktni investicii. sekojpat gresele i gresat, tamu se vraboteni kako na kiro glogorov sinot i na srpski politicari deca. poglednete sto pisuvale do sega dali se priblizno tocni???mislam deka svetska banka e vo pravo 4.5% ni poveke ni pomalku.
Од: Iko
Датум: 29.11.2008 08:56:38
Zarem voopsto ocekuvavte optimisticki prognozi od Vladimir, sinot na Kiro Gligorov???
Од: Спектатор
Датум: 29.11.2008 09:26:13
Зошто толкава нагласка на прогнозите на Виенскиот институт? Тој е многу помалку реномиран и цитиран во Европа (да не зборуваме во светот) од ММФ, од Европската банка за обнова и развој и од други релевантни светски и европски институции. Настрана тоа што прогнозите на овој институт често не се остваруваат. Ние во Македонија сме свесни за тешката економска состојба, но многу лошо е ако јавните медиуми и некои експерти даваат само црни прогнози без притоа да понудат и свои размислувања за ублажување на ударот и за побрзо излегување од неповолната економска реалност. Ние не сме во криза, туку во фаза на забавување на економскиот раст. Сме имале и далеку потешки времиња па сме ги надминале. Верувам дека и Владата е отворена за добронамерни предлози и укажувања, затоа што и таа ќе ги почувствува позитивните ефекти од нивно прифаќање и имплементирање.
Од: ljupco,bitola
Датум: 29.11.2008 11:04:52
3% раст-одлична вест. Дури и институтот од Виена предвидува раст, а не рецесија на нашата економија.Доста леење на крикодилски солзи.Што и да се деси,оваа влада ќе ја има довербата на народот со огромно мнозинство, уште долго време.Наместо црни сценарија за економска апокалипса,опозицијата нека излезе со конкретна програма за подобрување на стандардот на народот.Ако се писмени да ја состават,се разбира.Доста е сеење магла.
Од: ekonomist
Датум: 29.11.2008 15:33:26
Sekoj ima pravo da nagagja,predpostavuva,kritikuva i predlaga.Se sekavam '93 godina Svetska Banka parti "ekpsperti" da ja sovetuvaat i pomognat vladata na Crvenkovski i sutanovija 25 zagubari(koi gi sozdade samata vlada i NBM)so ogormni kamati oi se dvizea okolu 30%mesechno,a dvacija samo okolu 5% meschno.Od tie zagubari nikoj ne zazivea kako treba osven cehesni iskluchoci kako zelezara ama so 1/3 rabotnici,energetskiot sistem padna vo kolaps shto posebno sega se chuvstvuva.Sega pak Gruevski se odnesuva kako toj shto strizel ovci cel den edvaj ostrizal 3 ovci pa i doviknal na zena mu"daj zeno svekata da ostrizam ushte edno 20-30 ovci".Inaku budzetot e promenliva kategorija,taka da moze da se napravi i rebalans vo tekot na godinata vo zavisnost od rezultatite vo stopanstvoto,pa ne znam shto se uplashile tolku ovie od SDSM.Budzetot(drzaven)e ist kako domashniot,ke troshish kolku imash,ako zarabotish poveke i ako si domakin ke ostavish na staran a del i ke potroshish poveke.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Опозицијата прашува каде се владините мерки во буџетот
Кампања на СРД против вулгарните ТВ-содржини
Пораст на платите за 1.000 денари
В година поевтино огревно дрво
Српскиот динар на историски минимум