Иако земјоделците се жалат дека сезонава не им била сјајна, факт е дека нема протести како и другите години, речиси целото производство се продаде
Александрија Стевковска
Килограм „ајварка“ е 40 денари, ама ако купиш повеќе. Инаку, само еден килограм чини 50 денари! Ова е понудата што може да ја добиете на една тезга на пазарот „Буњаковец“, а не се разликува многу од она што се нуди и на другите тезги, бидејќи си��е држат исти цени, со мали нијанси, па некаде се пет денари поевтини, некаде пет денари поскапи. Скромниот семеен буџет тешко стигнува за живот. Храната апсорбира најмногу пари, па трпезите стануваат се' попосни, а паричниците се' потенки.
Зелените пазари се приказна за себе. Високите цени ги изгореа граѓаните цело лето, а не попуштаат ниту сега. Тезгите се преполни со овошје и со зеленчук, но се прескапи. Домати по 60 денари, краставици 40 денари, „ајварка“ 40 денари, праски 80 денари, се само дел од цените што доминираат во понудата се пресолени за обичниот потрошувач, кој, најверојатно, годинава ќе се лиши и од подготовките на традиционалната зимница. Можеби ќе се закиселат две-три главици зелка, колку да се завитка некое сармиче, ќе се замешаат неколку тегли ајварче, а можеби ќе се испеглаат и едно-две килограми пиперки за една тегла и толку. Тука завршува приказната за зимницата, која потсетува на приказната за мравката и штурецот. Сега речиси сите се штурци. Немаат обезбедено храна за зима не затоа што цело лето свиреле, туку затоа што едноставно се нема пари со кои би се купиле продукти за зимница.
Потрошувачите се финансиски исцрпени, па за високите цени по пазарите ги обвинуваат производителите, кои, според нив, годинава изградија куќи од продажбата на домати и на краставици.
„Цела година не можеме добро да каснеме салата зашто цените на зеленчукот се безобразно високи. Според цените на храната, се чувствувам како да живеам на Запад, а според примањата, како да се наоѓам во Индија. Ние осиромашуваме, а земјоделците се богатат. Нема куќа во Струмица што е мала или скромна, а ние се туткаме во три соби. Ние како административци едвај врзуваме крај со крај, носталгични за деновите кога во изобилство јадевме барем она што е наше, домашно, а тоа е зеленчукот“, се жали скопјанката Наталија Тодорова.
„Факт е дека ова лето сме задоволни од откупните цени, но не и од производените количини, односно од приносите. Тие се значително намалени. На некои места и кај некои култури намалувањето е и до педесет отсто. Еве, за пример, доматите. Ако во минатите години од еден корен беревме од три до пет килограми, годинава береме едвај од еден до еден и пол килограм домати. Токму намалените количини овозможија постојано да има откуп, и тоа по цени повисоки од минатогодишните. Но, и покрај ваквите цени, кога ќе пресметаат земјоделците, имаат помали приходи од лани, бидејќи продале помали количества, а ова го потврдуваат нивните задолжувања во аптеките за семе и репроматеријали. Значи, комплетно задоволство од годинашната производствена сезона нема“, вели Ристо Велков, претседател на здружението „Агросојуз“, од Василево.
Струмичките локални власти се приклучуваат кон оцената дека годинава земјоделците не поминаа најсјајно. Оваа гранка, според нив, видела и подобри денови.
„Тоа што на пазарите во градовите потрошувачите плаќаат високи цени за градинарските култури, не значи дека земјоделците се збогатија. Цените се повисоки, но родот е помал. Поскапи се репоматеријалите, семето, ѓубривото, фолиите. Земјоделците имаат обрт на пари, но не и профит. Тие инвестираат пари, но и труд, кој никаде не им се брои, туку се' се собира на купче, се произведува, се продава и на крај се дели она што останало“, вели Зоран Ѓеоргиев, раководител на Одделот за регионален развој во Општина Струмица.
Тој смета дека лошите услови за производство ќе ја држат високо цената на земјоделските производи, барем уште два месеца.
„Цените остануваат високи делумно поради условите за производство, делумно поради препродавачите, кои ја користат ситуацијата и профитираат. Тие ја држат и ја диктираат цената на пазарите. Сепак, и без нив не се може, бидејќи не секој земјоделец може да си го продава производството на тезга на пазар“, констатира Ѓеоргиев. Тој вели дека се' што се произведува може да продаде, но проблем е цената и недостигот од организиран откуп.
„Големите трговци ги одредуваат цените. Малите играчи откупувачи или ќе се приспособат кон нив или ќе пропаднат. Наскоро и ’Агрокор‘ ќе профункционира, но тој не е во позиција да формира и да наметнува цени, туку само да ги следи цените што ги одредуваат другите “, заклучува раководителот на Одделот за регионален развој во Општина Струмица.
Каква и да е оцената на потрошувачите или на производителите, факт е дека годинешнава сезона за земјоделците поминува без газење и фрлање на родот во селските депонии и речните корита, без револт и жалби. Потрошувачите се бунат за цените, кои ��екојдневно ги дочекуваат по тезгите на пазарите, а земјоделците молчат, за разлика од минатите години кога во текот на целата сезона се жалеа, револтирани од ниските откупни цени. Годинава, сепак, е успешна за нив. Ќе видиме каква ќе биде за потрошувачите поради скапотијата што се вовлекува со секој дел од нивното секојдневје.
(Во изработката на текстот учествуваше и дописникот од Струмица)
да ти дадам благослов
да даде бог цел зивот да произведувас домати па да си направис сто и една кука па да си уживаш
Од: lazzgo:)
Датум: 22.09.2010 12:37:40
zdravo,pa luge zemjodelcite lazat deka ne im bila dobra godinava,nie po pzaraite edvaj naogavme dobar patlixan i piperka bas koga bese sezoan,.....opasni mafijasi se ej,kako nasite politicki vrkuski,samo plaxcat a polni pari se,,,,
Од: trajan
Датум: 22.09.2010 12:47:47
каков е овој коментар дека куќи се градат од земјоделството?па вие сте работеле ли некогаш на нива? пред се ајварката не е 40 туку како секоја година цената и се движи од 20-25ден /кг. А доматите се скапи затоа што ги нема многу, слаб род. Ги прашавте ли земјоделците по колку саати се на нива? па 4 месеци немаше дожд, тие преку ден ги наводнуваа нивите...и пред се прекупците ги продават удрете по нив не по земјоделецот срамота!
Од: ilija
Датум: 22.09.2010 12:59:19
neim zaviduvajte na zemjodelcite oni se najizmaceni
luge vo drzavata a od piperki-domati i zelka nikoj nee
napravil bogatstvo a neveruvam oti ivo idnina nekoj
kese zbogati.
Од: aco
Датум: 22.09.2010 13:29:00
1o godini nanazad ajvarkata na otkupnite punktovi e 10 den. a pokrupnata 15 den. ako trgovcite se bogatat toa e druga rabota.Ako moze da se plasira po 40 den. kako sto pisuva vo Strumica site ke ja odgleduvaat.Toa e prava nevistina go garantiram bidejki sum tuka i gledam kolku cini na otkupot
Од: Vl
Датум: 22.09.2010 13:33:15
Абе размазени скопјани едни земете еднаш во животот фатете мотика и вадете си го лебот од тоа па да видам дали ќе зборите вакви работи после .. Поздрав од Гевгелија ;)
Од: аеродром
Датум: 22.09.2010 14:37:01
Јас купив пиперки “ајварки“ по 20 денари/килограм, што е истата цена од лани.
Од: stojan strumica
Датум: 22.09.2010 14:37:09
dali nekogas pisuvacot na tekstot bil vo folija na 50 stepeni ili togas toj se relaksiral vo stranetvo na odmor pa sega se mu e skapo .Zosto ne gi objavi otkupnite ceni tuku na edna tezga vo BUNJAKOVEC A DALI BIL NA PAZAROT NA GOLEMO .
Од: Selanec
Датум: 22.09.2010 14:42:02
gledam kolku se bogati i kako se razvivaat site makedonski sela
Од: koko
Датум: 22.09.2010 14:47:55
Nogu polesno e koga se skapi domatite.
Fino lepo na koj mu e skapo neka si sade, pa neka jade kolku mu dusa saka.
Poloso e koga nemat cena.
Makar da e preterizam i vaa godina kaa se zalat od prihodot so go imat od domati i piperki.
Sum gledal i domati i piperki vaa godina ako nekoj ne zarabotil ubavo od toa togi do nego e i samo do nego.
Од: Трпе
Датум: 22.09.2010 14:49:17
Не е проблем само цената на земјоделските производи.Кај нас се продава само ова што не го откупуват извозниците.за нив се продават подобрите производи класирани и за пониски цени.На нашиот пазар е ова што ке остане,што не го сакат големите трговци.Другите земји вршат контрола на квалитетот и ние јадеме непроверени производи.
Од: mirco od Strumica
Датум: 22.09.2010 14:57:47
A be luge normalni li ste , pa koj stanal bogat od zemjodelie ? od zemjodelie mozes samo grbav da stanes. otkupnata cena na ajvarkata e 11 den za vtora klasa i 17-18 za prva. kakvi se tie gluposti deka zmjodelcite gi prodavat po 40-50 den. trgovcite mozebi da. I KOJ KOJ IM ZAVIDUVA NA ZEMJODELCITE DA DADE BOG CEL ZIVOT DA RABOTI ZEMJODELIE PA NEKA GRADI KUKI I VIKENDICI. pa znaete li deka godisen odmor na more (pa i ezero) za zemjodelcite e mislovna imenka. dodeka vi si gi banjavte gazot vo moreto letoska lugeto na 40 st. gi navodnuvaa piperkite so benzin od 70 den. i posle tie bile bogati a vie siromasi. SRAM da vi e.
Од: maja
Датум: 22.09.2010 15:20:20
znaeme deka zemjodelcite pravat kuki vredni se rabotat lugeto . nego pisete za lopovite politicarite kako pravat kuki a nisto ne rabotat ????
Од: Домаќинка
Датум: 22.09.2010 15:27:44
Се надевам дека другите коментари во Утрински се со поточни информации. Ајварката на зелен пазар е 25 до 30 денари, а не 40 до 50 денари како што тенденциозно пишува авторот.
Многу лошо новинарск�� напишан текст, со многу повторувања на невистини.
Од: aleksandar sv.nikole
Датум: 22.09.2010 15:35:55
golemi lagi!!!ajvarkata ne e 40 denari,tuku 20-25 denari,eve jas kupiv po tolku pari.i toa prvoklasna piperka...pa sto sakate lugje da kupuvame za bez pari??cenite se poinakvi otkolku sto ima navedeno avtorkata na tekstot,odnosno poeftini vo sekoj slucaj.a deka cenite se idealni za potrosuvacite ne bi rekol..narodot nema pari i toa e problemot..inaku koj ne bil na niva da rabti moze sesto da zbori,ama i na tie luge ic ne im e lesno da znaete!!!treba i tie da zemat nekoj denar...problemot e edinstveno vo nemanjeto na kupovna mok...nisto drugo!
Од: XXX
Датум: 22.09.2010 15:57:33
Ako site zemjodelci Vo MK se tolku bogati, i so tolku mnogu izgradeni ubavi kuki, što im brani na "Skopjanite" - siromašni, bez rabota, bez primanja, da se vratat vo napuštenite sela na svoite tatkovci i dedovci, da rabotaat zemja i da se zbogatat i tie.
Од: јас
Датум: 22.09.2010 16:02:13
Работв и јас тутун , пред едно 15-20 години и знам како е да се биде земјоделец! Само една работа ќе им порачам на земјоделците : НЕМОЈТЕ В ГОДИНА ДА БЛОКИРАТЕ УЛИЦИ И ДА ФРЛАТЕ ГАЈБИ СКАПАНИ ДОМАТИ , кога родот ќе биде голем , а цените мали,како што правевте лани ..Народот памти што му правите со цените и затоа со право ќе ве казни..А ако тврдите дека прекупците се тие што се богатат, па бујрум , носетет го производството ВИЕ дирекно на пазар , па така печалете..Со набивање цени никој не се збогатил , тие пари ќе ви „излезат на нос “ некоја наредна година ..Само ќе ги загубите симпатиите на народот , кој ги купува тие ваши производи...
Од: skopjanec
Датум: 22.09.2010 16:39:21
Ne pamtam nekagos da se povalat za beriketna godinina. Stalno kukat, placat za da zemat nekoj denar plus od drzavata.
Од: Pero_MKD
Датум: 22.09.2010 16:57:44
Ако црвените пиперки за ајвар се 50ден., повелете произведувајте ги!Ако немате ниви, еве јас ќе ви ги изнајмам моите 20декари во непосредна близина на Струмица (од 2-6км оддалеченост) за 5000 евра годишно.Нивите не се обработувани повеќе години и ќе даваат сигурно повеќе од просечните 3тони/декар пиперки. Ако информацијата на новинаров е дека пиперките се продаваат по 50ден/кг, ај нека се и 40ден/кг - тогаш елементарен есап кажува дека од 20декари ќе заработите бруто околу 25.000евра.Одбијте ги трошоците за семе,ѓубриво, инсектициди, гориво за наводнување, најлон, железни профили па ќе видите колку ќе ви остане...Е и тоа што ќе го добиете поделете го со 3 зошто отупната цена на пиперките е 15-20 денари на почетокот од откупот, а на крајот паѓа испод 15.Тие 40-50 ден. се на мало, но тие цени ги формираат трговците, а како што реков откупните цени по кои трговците ги откупуваат пиперките се 15-20денари...ако сеуште мислите дека ве лажам-пишете ми, мојот е-мејл е познат на редакцијата.
Од: Unreal city
Датум: 22.09.2010 19:31:11
shto se ovie ogromni poplaki poradi cenite na zelencukot i ovosjeto na pazarite? Pa lugje, zarem ne sramno kilo domati da cinat kolku avtobuski bilet, a dve ili tri kila kolku edno pivo vo kafeana...
Од: citatel
Датум: 22.09.2010 23:58:30
Редно време беше и земјоделецот да земе некој денар повеќе, а не само маката да му остане. Кој зборува против земјоделецот тој незнае што е мака, што е работа.
Од: aco
Датум: 23.09.2010 07:20:29
Dosega naj ne realen napis vo utrinski
Од: meta
Датум: 23.09.2010 08:35:11
More...... rasipani seljaci.Nema eden seljak sto vo Skopje nema :stan,kuka,dukan...vozat najskapi koli, a baska i pari na konto imaat nebroeno.