Број 3388  среда, 22 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
На прво место

Партали врз овошјето и зеленчукот на пазарите

Пазарџиите воопшто не размислуваат за хигиената на производите

Снежана Калабакова

Тезгиња покриени со ќебиња, весници, најлони, јамболлии и черги на крајот од пазарниот ден. А под разните партали се оставаат домати, пиперки, краставици, сливи, грозје... се' што се продава на зелените пазари. Грда слика од сите пазари во градов, без исклучок, којашто очигледно ја забележуваат единствено граѓаните.

„Тотално нехигиенски. Кога ќе видиш со што се покриени производите, да ти се згади. Не сфаќам, и онака ќебињата не можат да ја заштитат стоката од евентуални крадци, а да не говорам дека има и глувци на пазарите. Човек да не помисли да купи нешто од тезга“, вели една граѓанка, која купува на пазарот „Буњаковец“.

Гледаат ли одговорните како се чуваат производите на пазарите? Секојдневната слика само ја потврдува целосната неодговорност на надлежните инспекции, бидејќи, факт е ова се повторува со години, а никој не реагира. И, додека пазарџиите воопшто не размислуваат дали и колку е хигиенски таквото чување на храната, оваа практика очигледно не ја забележуваат ниту од Дирекцијата за храна. Тие вината за проблемот ја префлаат на оние што стопанисуваат со зелените пазари, во случајов на „Скопски пазар“, кои требало ним да им го пријави несоодветното чување на прехранбените производи.

„Корисниците на тезги на зелените пазари не смеат да складираат производи на површините на тезгите по завршување на работното време на пазарите, затоа што правните субјекти што стопанисуваат со зелените пазари се должни да ја одржуваат хигиената на тезгите. Во спротивно, правниот субјект треба да го раскине договорот со корисникот на услуги и да ја извести Дирекцијата дека нивните корисници не ги исполнуваат законските обврски“, велат во Дирекцијата за храна и додаваат дека покривањето на зеленчукот и овошјето со ќебиња, или черги е причина за дополнително контаминирање на храната со различни агенси, што е спротивно на Законот за безбедност на храна. Оттаму не одговараат дали тие воопшто направиле некаква контрола на самото место и дали досега е констатирана појава на контаминирана храна поради несоодветно складирање на тезгите на пазарите.

Од проблемот се оградуваат и пазарните инспектори кои велат дека тие не се надлежни за тоа. Нивна одговорност се поседувањето документација за работа и легална продажба на производите. Од „Скопски пазар“, претпријатието кое управува со зелените пазари, вината за проблемот ја гледаат кај пазарџиите кои ја оставаат стоката изложена и само покриена со партали, иако секоја тезга има магацински простор во долниот дел во кој би требало да ги складираат производите на крајот на работниот ден.

Најголем дел од пазарџиите не сакаат да зборуваат јавно. Само некои признаваат дека им е полесно да ги остават производите на тезга, иако ризикуваат да им бидат украдени. На тој начин утредента кога пазарот се отвора, не губат време на прередување на производите.

„Отвораме рано наутро и немаме време да прередуваме, туку само дополнуваме и почнуваме со продажба. Ако производите ги прередуваме, а продавам домати, тогаш брзо ќе омекнат и скапуваат. Не може да се префаќа секој ден производ што брзо калира“, вели Дара Пешевска, продавачка на пазарот „Буњаковец“.

Од „Скопски пазар“ најавуваат поставување нови и пософистицирани тезгиња на сите градски зелени пазари, изработени од алуминиум.

„Тешко дека можеме да измислиме поинакви тезги од постојните, бидејќи такви се тезгињата на зелените пазари на Балканот. При нашите посети на пазарите во други земји како Бугарија, Грција, Србија, Словенија, Хрватска, Италија не забележавме нешто што укажува на фактот дека заостануваме. Напротив, нашата констатација по овие посети е дека имаме едни од најдобро уредените и организирани пазари во регионот, со што се согласуваат и нашите колеги од соседните земји“, тврди Саше Давитковски, генерален директор на „Скопски пазар“.

Во претпријатието се прават обиди тезгињата да се модернизираат, за што постои соработка со студентите од Архитектонскиот факултет. Пластичните модели што ги искршиле пазарџиите на зелениот пазар во Ѓорче ��етров биле токму идеја на студентите. „Скопски пазар“ најавува дека за дваесетина дена ќе поставува нови тезгиња на пазарите, почнувајќи со Зелено пазарче, каде што ќе бидат заменети стотина тезги. Новите модели, вели Давитковски, имаат плотна што се подига и овозможува подобро изложување на производите, а имаат и подобро решение на магацините.


#
Статијата е прочитана 1465 пати.

Испрати коментар

Од: јас
Датум: 22.09.2010 16:07:07
А дали овие „пазарџии“ чуле за гајби , каде се наредени сите производи , пипреки , домати , праски , ВО ЕДЕН РЕД и само гајбата се префаќа, а не и производот...Ама кој е будала да дава пари за „непотребна работа “?! Па не ќе го јадат тие она што го продаваат! Има други будали !
Од: skopjanec
Датум: 22.09.2010 16:37:09
Generalniot direktor da li nekogas vlegol ili bil na Bit Pazar. Na toj pazar vladee prsv smisol bezredie. Ne bazdarirani vagi, prodavanje na skapani raboti koj se naplatuva debelo. Takov haos sto vladee na Bit Pazar go nema nitu vo Kosovo nitu vo Albanija. Groto od prodavacite bezobrazni, pravi '' lopovi'' ''basıbozuci''.
Од: redovna citatelka
Датум: 22.09.2010 16:50:06
Zamislete da ste vo Holandija. Pazarite se so skloplivi tezgi. Navecer nema trag od pazar!
Од: mene
Датум: 23.09.2010 06:46:25
Do skopjanec.Kao prvo,cim ides tamu da kupuvas znaci ne ti smeta ,inaku bi otisol u zelen pazar da platis ist proizvod duplo poskapo.Kao vtoro,na Bit pazar ima i makedonci tezgaxii.I treta e verteta,Albanija e Zapadna Evropa za tebe nacionalistu pokvaren.Pozdrav

Најди! во Утрински
На прво место
Приказни од нивата
Малку зелка, малку пиперки, тенка зимница






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia