Концертот на „Кошин“ презакажан за 6 септември
„Поради константно лошото време во изминатите неколку дена и поради извештајот на Хидрометеоролошки завод дека и денеска ќе продолжи лошото време со обилни врнежи, принудени сме концертот на ’Кошин‘ да го презакажеме за друг термин“, се вели во соопштението на „Авалон продукција“, организатор на гостувањето на бристолската атракција кое требаше да се одржи вечерва.
Концертот е презакажан за 6 септември, а сите што купиле влезници може да ги вратат назад, да ги заменат со влезници за концертот на Розин Марфи или, пак, да ги чуваат за настапот на „Кошин“ на 6 септември. |