Пастрмки запливаа во Вардар
Вардар вчера беше порибен со 5.000 парчиња македонската ендемична пастрмка. Во водата ги пушти градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски. Порибувањето е дел од проектот за заштита и реинтродукција на македонската пастрмка во водите на езерото Матка и реките Треска и Вардар во Скопско. Проектот го реализираат Градот Скопје и ГЕФ, во соработка со Институтот за рибарство и риболовното здружение „Вардар“. Од почетокот на проектот досега во Матка се пуштени 30.000 парчиња, а до крајот на годинава ќе се изврши порибување со вкупно 100.000 парчиња пастрмка. (С.Н.) |