Број 3282  петок, 14 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Скопје

Ќе доцнат автобусите од Украина

Од компанијата се преценија дека ќе испорачаат
15 автобуси на 1 јуни

Деспина Трајковска

Скопјани од 1 јуни нема да се возат во 15 нови украински едноподни автобуси, иако при официјализирањето на владината набавка беше најавено дека тогаш ќе се испорача првата тура од вкупно 84 возила. Иако, согласно со договорот, украинската компанија „Лаз“ има можност првата пратка да ја реализира до декември, нејзиниот сопственик Игор Чуркин и министерот Миле Јанакиески најавија дека скопјани во нови автобуси ќе се возат веќе во почетокот на јуни, останатите возила, пак, ќе стасаат до февруари идната година. Сепак, според информациите од ЈСП, очигледно, Украинците се прецениле.

Според Мишо Николов, директор на ЈСП, 15 автобуси, најверојатно, ќе стасаат најдоцна до септември. Такви најави добила тричлената делегација, која минатата недела била во посета на компанијата.

Од Министерството за транспорт и врски вчера иако ветија, до затворањето на весникот не го коментираа случајот.

„Минатата недела од Лвов се врати делегацијата што ја сочинуваа претставник од нашето претпријатие, од Машинскиот факултет и од Министерството за транспорт и врски. Им било укажано оти, сепак, компанијата нема да може да ги испорача првите 15 автобуси до 1 јуни, рок што Украинците сами го најавија, иако според договорот, имаат обврска да го сторат тоа најдоцна до декември. Едно од образложенијата било оти на компанијата и' доцнат дел од добавувачите вклучени во производство. Сепак, и во овој случај тоа не значи дека произведувачот го прекршил договорот, рокот за првата пратка им е до крајот на годинава. Во случај да го пробијат тој рок, дури тогаш ќе постои конкретна ситуација што ќе наложи одредени санкции, односно раскинување на договорот“ рече вчера Николов.

Според договорот потпишан со Министерството за транспорт и врски, „ЛАЗ“, за потребите на градскиот превоз во Скопје треба да произведат вкупно 84 автобуси вредни 11 милиони евра. Од нив, 4 дупли, а останатите единечни возила. Во првата пратка, пак, односно најдоцна до декември годинава, како што е наложено со договорот, градскиот превоз треба да се поднови 15 соло-автобуси, а останатите 69 компанијата е обврзана да ги прозиведе и да ги спорача најдоцна до крајот на идната година.

Очигледно, од компанијата ќе доцнат со ветениот рок за испорака не само поради интерни проблеми со добавувачите туку и поради пролонгираниот старт на производство. Погонот почнал со работа кон средината на март, иако со работа од компанијата ветија дека ќе стартуваат на 15 февруари. Во меѓувреме, производството било запрено десет дена поради државни празници.


#
Статијата е прочитана 614 пати.

Испрати коментар

Од: jsp
Датум: 14.05.2010 00:21:17
ocigledno, kolku pari tolku muzika.
Од: b
Датум: 14.05.2010 09:53:35
Доцнат? Па што! Многу поголем проблем е што доцни интернетот по оние конзерви од автобуси

Најди! во Утрински
Скопје
Пастрмки запливаа во Вардар
JСП со нова редизајнирана и поинформативна страница
Брзинска трка на Водно
Уредено игралиште во градинката „Бисери“