Владата прави две грешки: ја загрозува независноста на МРТВ и го доведува во опасност целиот систем на радиодифузија
Пропаста на Македонската радио-телевизија трае цели 17 години. Тоа е ужасно долг период, толку долг што не мора човек да е циник за да го прифати овој факт како доказ дека и пропаѓањето е процес. А почетокот на тој процес, да биде иронијата уште поголема, се совпаѓа со независноста и самостојноста на Република Македонија и со воведувањето на политичката демократија. Наместо да стане клучен фактор на плуралистичката комуникација и да прерасне во модерен, моќен, независен и авторитетен јавен сервис кој ќе нуди висококвалитетна продукција на информативни, образовни, културни и забавни програми, Македонската радио-телевизија во овој период е девастирана во комплетна смисла: финансиски, програмски, технолошки, организациски, кадровски и менаџерски. Тоа е скандалозно само по себе, бидејќи е несфатливо држава која има сериозни проблеми со функционирањето на демократијата и со заштитата на националниот и културниот идентитет да не се грижи за јавниот сервис и да гледа сеир како тој пропаѓа. Зошто МРТВ не се трансформира во согласност со препораките на Европската унија, како што тоа се случи во многу земји во транзиција, и не стана независен јавен сервис отпорен на политичко и економско влијание, туку се претвори во руина? Постојат четири темелни причини за тоа.
Прво, процесот на пропаѓање на МРТВ е институционално контролиран речиси на беспрекорен начин. Бидејќи станува збор за институционално ниво, процесот се развива системски и се одржува во континуитет од оние кои се со закон задолжени и имаат обврска да се грижат за нејзината работа и развој. Звучи парадоксално, но главни ударници во оваа задача се највисоките државни институции, значи Собранието на Република Македонија и Владата, наспроти обврските што ги имаат на јавниот сервис да му обезбедат услови за нормално функционирање.
Второ, пропаста на МРТВ трае цели седумнаесет години, независно од тоа кои партии биле на власт: левите или десните, СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, ЛП или ЛДП, ДУИ или ДПА. Суштинската грижа за јавниот сервис никогаш не им била од висок приоритет. Таа почнуваше и завршуваше со изборот на генералниот директор и на неколку фигури во раководната структура, со што грижата на власта се сведуваше на вулгарна инструментализација на јавниот сервис за потребите на партиските изборни кампањи. Кога таа улога ја презедоа приватните телевизиски сервиси, јавниот сервис ја изгуби најважната привилегија која ја одржуваше во живот, со што потребата од нејзиното постоење стана беспредметна.
Третата причина има идеолошка димензија. Додека т.н. левица има став кон јавниот сервис по инерција, политичката структура која себе си се смета за десница МРТВ ја третира како комуњарски отпадок кој природно е наклонет кон т.н. левица. Благодарение на таквиот изопачен став, Владата на ВМРО-ДПМНЕ во своите досегашни мандати не му даде на јавниот сервис ни најмала шанса за пристојна трансформација и со тоа да си обезбеди професионална компатибилност со демократскиот амбиент во општеството.
Четврто, опстанокот, а со тоа и иднината на јавниот сервис во изминатиот период беше објективно загрозена со силната експанзијата на приватните електронски медиуми кои многу побрзо се адаптираа на новите услови, користејќи го интересот на приватниот капитал за инвестирање во радиодифузијата, но и погодностите што се појавија поради спрегата со политиката во функција на реализација на одредени партиски и политички интереси. Така, МРТВ стана непожелна, непотребна и неинтересна за никој, напуштена и заборавена. Последиците од ваквиот однос на државата спрема јавниот сервис се погубни или допрва ќе бидат тоа. МРТВ во технолошкиот развој заостанува во однос на аудиовизуелната индустрија во светот цела една епоха. Додека Европа се подготвува до 2012 година да го заокружи процесот на дигитализација во радиодифузната сфера, нашиот јавен сервис се' уште е на нивото каде што застана кон средината на осумдесеттите. Прашање е дали ќе го фати приклучокот со новите технологии или ќе остане црна точка во Европа.
Тоа е историјата. Како стојат работите денеска? Што направи, а не требаше да направи; што не направи, а требаше да направи оваа Влада во врска со санирањето на состојбите во јавниот сервис? Владата на Груевски дојде на власт седум-осум месеци по донесувањето на Законот за радиодифузија и во изминатите повеќе од две години потроши многу време на ова прашање без да го најде вистинското решение. Не најде решение ниту за институционалната форма на генерално ниво во радиодифузната сфера, ниту, пак, за внатрешната реорганизација на јавниот сервис во финансиска, кадровска, програмска, технолошка и менаџерска смисла. Епизодата со кадровското решение од странство во врвот на куќата, всушност по препорака на Европската комисија (ЕК), заврши со тотално фијаско и неславно. Не ми е јасно како Владата не сфаќа дека клучот за разрешување на сите проблеми во јавниот сервис лежи во воспоставувањето модел за финансирање на јавниот сервис согласно со принципите што ги воспоставува ЕУ. Зар е тоа толку тешко? Со тоа што го одложува овој проблем и не постапува како што е децидно наведено во Законот за радиодифузија - МРТВ се финансира од радиодифузната такса - туку пристапува кон вонинституционално решение и јавниот сервис комплетно го финансира од буџетски средства, Владата прави две големи грешки кои ЕК не и' ги простува. Ја загрозува независноста на јавниот сервис, која е неприкосновена придобивка во демократските земји, и го доведува во опасност целиот систем на радиодифузија, бидејќи од средствата за радиодифузна такса се финансираат и ЈП „Македонска радиодифузија“ и Советот за радиодифузија. Последното решение кое Владата имаше намера да го спроведе преку институтот стечај на јавниот сервис очекувано предизвика жестоки реакции на Брисел. Овој предлог само покажува дека Владата нема идеја да направи од јавниот сервис тоа што стои во препораките и во директивите на Европската комисија - јавниот сервис да биде апсолутно независен од политички и од економски влијанија, што во превод значи власта и партиите да не се мешаат во неговата работа и финансирањето да биде од независни извори. За жал, кон овој статус на јавниот сервис се стремат сите држави во регионот, освен Република Македонија. Хрватската радио-телевизија има примат што го освои со наплата на радиодифузната такса од фантастични 95 отсто. Тоа е услов овој јавен сервис да има врвна продукција и професионална функција. Српската радио-телевизија има наплата на радиодифузната такса од 65 отсто и не е загрозена од приватните електронски медиуми. Црногорската радио-телевизија неодамна доби десет милиони евра од владата за дигитализација.
Ако македонската Влада нема решение за овој проблем, нека размисли за хрватскиот модел, кој ми се чини дека е ефикасен и најсоодветен за нашиот менталитет. Хрватската радио-телевизија има под договор 350 пензионери кои работат ударнички во прибирање на радиодифузната такса и, се разбира, на својата провизија. ��икој не може да е толку упорен како што се пензионерите. Никој не гарантира овој модел да профункционира веднаш, но зошто да не им веруваме на искуствата кои се проверени.
Kako i site dosega,ni ovaa vlada nema resenie za MRTV.17 godini drzavata si igra majtap so vrabotenite a i so graganite na Makedonija.MRTV ocigledno e eksperimentalno gluvce na ocajno losi naucnici,pa se cudam kako i dosega prezivealo.Jas imam 15 god staz vo MRTV i pred sest meseci bev tehnoloski visok.Ostanav na ulica bez pari i nadez za novo vrabotuvanje na moi blizu pedeset god.Sega slusnav od bivs,kolegi deka vo MRTV ostanale malku vraboteni,treba kadar pa na moeto mesto mozebi vo bliska idnina ke ttreba da primat nov covek.Pa kazetemi vi se molam kakov e ovoj cirku?.Ne vi lici toa na partiska igra?Vo red neka VMRO si vrabotat nivni luge no zosto toa e na moja steta.Sto treba sega jas da pravam.Da i veruvam na ovaa drzava deka ke mi obezbedi podobar zivot?Zatoa uste od sega moite kutri deca gi nasocuvam deka za zal idninata im e nadvor,sto podaleku od ovaa napatena i zalna Makedonija. Sramota e ova sto i go napravinte na MTV, i dajte stavete i kluc spasete ne od agonija
Од: Nikola
Датум: 15.10.2008 08:38:20
Bez pari, covekot ednostavno ne postoi. Toj e "nula". Takva e i sostojbata na MRTV. A toa go napravi politikata na DPMNE koga Lj.Georgievski od populisticki pricini i za da go unisti javniot servis koj sluzel na togasnata vlast, preporacuvase gradjanite da ne placaat taksa. I gradjanite toa go prifatija. Posle se vide deka mora pari da se obezbedat za toj javen servis, no kako sto "kuceto tesko se odviknuva od kasapnica' , taka i tesko se vospostavuva nova obvrska za placanje taksa.
Од: jas
Датум: 15.10.2008 09:47:29
Па зарем постои некој јавен сервис кој се вика Македонска радио и телевизија ?? посебно телевизија ????. Прво тоа не е никаков сервис затоа што е една најобична грда зграда со над 2000 вработени кои чекаат плата од владата а не преземаат ништо за подобрување на програмата. Без никаква навреда можам да кажам дека целата нивна програмска шема се сведува на програма за ментално ретардирни лица, без никаква идеја за нешто ново и не дај боже авторизирано од МТВ. За тоа колку е јавен може да се види од обезбедувањето на вратата и пристапноста до новинарите или не дај боже да ти затреба некој уредник, тогаш е потребна партиска книшка. ��одека се наплаќаше некаква такса за ТВ и Радио, тие живееја. Јас како најобичен граѓанин сакам да добијам квалитет за тоа што го плаќам а не да го гледам собранието и некакви си парталментарци на НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА кои ме интересираат колку и ланскиот снег. Додека не реализираат добра програма нема да добијат ниту еден денар од мене.
Од: pero
Датум: 15.10.2008 10:32:07
direktorot na mrd kupuva dzip bez tender trosi pari bez kontrola a za vrabotenite nema ni za hrana prevoz a toa ne go znae mister tender barem nikoj ne dava amin
Од: граѓанка
Датум: 15.10.2008 11:08:27
браво за написот, нешто паметно да прочитам.
Од: jordan
Датум: 15.10.2008 11:53:09
Do jas .
1. MRTV nema 2000 vraboteni tuku 820
2. Zgradata na MRTV ne ja koristi MRTV tuku vladata za
svoi portrebi, kolku da znaat graganite na Makedonija celata zgrada e vo vladenie na vladata.
pozdrav
Од: stip
Датум: 15.10.2008 12:34:49
Ti Pance 15 godini rabotese vo CK SKM, sega si so 3 godini so VMRO, utre moze ke bides so SDSM koj ne ti cini i taka. Za razlika od MRTV tvoite 17 godini tranzicija se uspesni neli?
Од: Goran
Датум: 15.10.2008 12:48:58
Za MRTV da ne se najde konecno model za uspesno likvidiranje. Ako vekje ni e neophoden javen servis, neka bide sobraniskiot kanal. Tamu sekako kje ima obezbedeno prostor za vmro-ovcite da se reklamiraat po 24h vo tekot na denot preku emisijata na Tomik "glasot na vmro-ovcite". Neka se prenesuvaat samo sednicite na sobranieto a drugoto se da se privatizira.
Од: Caci
Датум: 15.10.2008 14:20:01
Kako be ne postoi MTV kakov e ovoj komentar tamu ima ljuge koi nezavisno od smena na direktorite ,koi ke dojdat ke iskradat i ke si odat rabotat besprekorno i najodgovorno.Ispoumrea ljuge od maka bidejki cekaat so meseci plata a ne mozat da si ja prehranat familijata.Samo covek sto ne e covek moze da kaze ,,koja e MTV,,.Sramota pa site dobri novinari poteknuvaat od tamu i bea prinudeni da si odat a celata kriza ne ja napravija vrabotenite tuku vladata na celo so politicarite slavni drparosi od koi cela drzava ni propaga.Treba da se svestime zosto ako vo MTV ima kriza utre moze da ima i na drugo mesto a toa ne e dobro za site nas vo ovaa ubava drzavicka.Se mrzime megu sebe i se cudime zosto ne funkcionira nisto.Samo zaradi losotijata
Од: bivs MRT na Zavod
Датум: 15.10.2008 16:30:56
Odlicen i objektiven napis.Mrt pravi podprosecna programa i emituva beskrajni reprizi od "dobrite denovi"bidejki nema skrsen gros da investira vo programa,tehnika i lugje.Kolku sto ja unistija neodgovornite politicari,tolku i nenadomestliva steta i nanesoa i nejzinite bivsi novinari,vo koi MRT investirase mnogu,koi sega udobno se smesteni vo privatnite-hangar televizii i ja sproveduvaat politikata na svoite nepismeni gazdi-profiteri za legnuvanje na kolena na Javniot servis,bidejki ako stane,ke go zagrozi nivnoto navivacko i kvazi novinarstvo.Pridones imaat idonesenite"golemi menadjeri "nadvor od MRT koi ne ja razbraa ,nitu pak mozea,da ja razberat suptilnosta na Javniot servis.MRT bese najdobra i reper za moderna programa i profesionalno novinarstvo,koga so nea rakovodea lugjeto porasnati i izgradeni vo Kukata!
Од: toni
Датум: 15.10.2008 17:05:00
Site shto ja mrzat Republika Makedonija sakaat nejzino zatvoranje.Celata zgrada e na vladata i za nea ne plakja kirija,struja i voda. Ne sakate igrana programa na makedonski jazik? Dobro-togash prestanete da gi maltretirate grcite.Ako sakate da nemame povekje makedonska audio-vizuelna riznica zatvorete ne. Stanete taftabiti.
Од: ROMPLUS
Датум: 15.10.2008 18:16:12
И МРТВ треба да ја дели судбината на народот, од кого живее. Со ништо нетреба да се привилегуваат врабнотените во МРТВ во однос на останати вработени во Р:М. А зошто не и стечај? Ако можео под стечај од МЗТ, Годел. Газела, или технолошки вишок од македонски телекомуникации, Железара и сли~но, зошто вработените од МРТВ да бидат привилеговани и вештачки да се одржуваат во име на некој јавен сервис. Јас мислам дека гледаноста на МРТВ е само во прекоокеански земји , а тие не даваат ниту еден цент за опстанок на МРТВ. зошто јас од тука да финансирам што не корисатам, нека финансираат тие што го користат. Зарем да го гледам,,ГЛАС НА НАРОДОТ,, со Томиќ три саати дневно. И да му плаќам ?????????
Од: pero
Датум: 15.10.2008 19:36:50
Izgleda so ovaa vlast MRTV ima eden izlez: Da pocne da go velica nasiot Grujica, da dava rozovi spotovi za svetlata idnina, da pravi spotovi za programata vo 100 sekori (ili sopki seedno), da deli beli bumbari za VMRO-vskata vrhuska, i da go dava Tomik so emisijata (sto veli Profesor Frckoski) GAZOT NA NARODOT... mislam deka toa im e edinstven nacin da opstanat...