Брoj 2812  среда, 15 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Бизнис-сцена

Соцкапитализам

Мирче Јовановски

Кога во 1933 година Франклин Делано Рузвелт, 32. претседател на САД и единствениот со повеќе од два мандата, го објави планот за излез од Големата депресија, ретко кој можеше да претпостави дека речиси осум децении по Црниот вторник на Волстрит од октомври 1929 година, светските лидери ќе посегнат по своевиден нов Њу дил. Мерките што се нудат се досега незамисливи, особено за либералните сфаќања кои доминираа во водечките светски економии, а кои во основа се состојат во државни гаранции за погодените банки и нивна делумна национализација.

Неопходни се нови правила и нови решенија, порача деновиве Тиери де Монтбриал, основач на Институт за меѓународни односи на Франција. Дали решението е во нов вид социјален либерализам, за што се залага Монтбриал? „На светот му се потребни нови правила на игра меѓу крајниот либерализам и државниот интервенционизам. Треба да се избегнуваат тие две крајности и да создадеме капиталистички систем кој ќе биде делотворен и правичен, со цел да креираме нов вид социјален либерализам“, порачува Монтбриал.

Мерките што се преземаат навестуваат токму таков пресврт од конзервативниот либерализам, кој доминираше изминатите децении и кој главно се состоеше во поголема дерегулација на пазарот. Слично на кризата од минатиот век, и овој пат спасот се гледа во улогата на државата. Пазарот, барем во неговиот најчист вид, уште еднаш е потиснат. Циниците коментираат дека во мерките што ги преземаат водечките капиталистички економии може да се препознае своевиден соцкапитализам, како реплика на соцреализмот за кој токму тие упорно докажуваа дека е инфериорен во споредба со конкуренцијата и пазарните законитости.

Земјите од еврозоната придружени од Велика Британија промовираа план за спас на европскиот финансиски систем вреден над илјада милијарди евра. „Сторивме се' што можевме“, им порача германската канцеларка Ангела Меркел на своите сограѓани, објаснувајќи им го значењето на финансискиот систем. Таа, како и нејзините колеги од еврозоната, вели дека спасоносниот појас е „во служба на заштита на граѓаните, а не во служба на заштита на банкарските интереси“.

Она што ги мачи обичните граѓани е од каде ќе се обезбедат тие пари. На таа тема многу не се елаборира, иако можеа да се слушнат и, за многумина неверојатни објаснувања, дека таквиот финансиски пакет за спас на банките нема да ги оптовари даночните обврзници. Она што дополнително загрижува е, наспроти апелите од директорот на ММФ, Доминик Страус Кан, за заедничка акција, острите стрели кои земјите од ЕУ ги упатија кон САД дека ја зафркнале работата и дека, згора на се', не се способни да најдат решение за кризата. Повторно асоцијации со лажната монолитност на некогашниот соцреалистичкиот блок или уште еден показател за степенот на демократија?


Статијата е прочитана 732 пати.

Испрати коментар

Од: Dr. med. Krste pop-Stefanija
Датум: 15.10.2008 01:58:57
Г/не , Мирче, дали вие мислите оту треба УСА, ДА СЕДИ СО СКРСТЕНИ РАЦЕ, КОГА НАЈГОЛЕМИОТ КОРУПЦИОНЕР од ЕУ,г/нот Солана со своите истомисленици , кога помислија дека ќе им успее да го соборат доларот и се затрчаа во америка да купуваат делници и банкарски депозити,ама, со тоа на АМЕРИКА ИМ ПОМОГНАА ДА СИ ГИ ИСПРАЗНИ СКЛАДОВИТЕ СО СТОКА ОД ГОЛЕМИТЕ КОМПАНИ, ТАКА ШТО ВО ЕВРОПА ЗА ЕВТИНИ ПАРИ СЕ КУПУВАА ШЕВРОЛЕТИ И СЛ., П а сега европските банкари викаат оф леле,аман УСА ИМАЈ ИСАФ НЕ СИ ГИ ШТИТИ БАНКИТЕ И ФИНАСИСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ?! КРСТЕ ПОП СТЕФАНИЈА
Од: k
Датум: 15.10.2008 02:11:59
Pa Bora Corba bese vo pravo slusam Amerika ke go menuva imeto vo: U.S.S.A ili United Socialistic State of Amerika slicno kako sto bese U.S.S.R.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Зденко
Претходен број
Инцидентот во Лерин ги вжешти односите
Гошев- Штедачите можат мирно да спијат
Погрешен концепт
Пресметките во врвот се лоши за Македонија
Архипелаг на советскиот терор
Металургијата се наоѓа пред колапс
Коњановски и' го нуди на Грција „Криволак“ за вежби место Лерин
Пратениците бараат помош од ОБСЕ за инцидентот во Леринско
Двокатен Потемкин
Пол Кругман - творец на новата теорија за надворешна трговија
Македонски документи се фалсификувале во Србија
Зошто Македонците сакаат да победи Мекејн?
Дворот и светот
Македонија без јавен сервис?
В петок и в сабота краткотраен дожд, а потоа повторно сончево
Карикатура