Брoj 2812  среда, 15 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Погрешен концепт

Жаклина Хаџи-Зафирова

Ќе профункционираат ли конечно новите технички факултети што ги најави Владата? Ќе доживеат ли целосен бум помалите места со тоа што на младите ќе им биде дадена шанса да се школуваат во своето родно место каде што ќе можат и да се вработат? Онака како што сега стојат работите, ќе биде потребно време да заживеат факултети во помалите места, бидејќи универзитетите се' уште немаат обезбедено соодветни просторни и кадровски решенија. Затоа и се' почестите критики во стручната јавност дека проектот на Владата доживеал целосен дебакл и покрај бесплатното студирање.

Проблемите со кои се соочуваат универзитетите ги негира министерот за образование и наука Перо Стојановски, кој поинаку гледа на работите. Лесно му е на министерот Стојановски да диригира со својата министерска палка и да испраќа упатства од Скопје до првите луѓе на универзитетите кои имаат реални проблеми и не знаат како да ги решат. Така се случи со Штипскиот универзитет, од каде што уште во првиот уписен рок најавија дека не знаат дали ќе постојат новите технички факултети, бидејќи за нив се пријавиле само по два-тројца заинтересирани. (За поздравување е што на другите нови факултети што ги отвори Владата имаше задоволителен одѕив.)

Што сега со шеесетината студенти кои се запишаа на трите технички факултети, Електротехничкиот во Радовиш, Машинскиот во Виница и Технолошко-техничкиот во Пробиштип. Тие не знаат каде ќе им почне наставата, која е најавено да стартува денеска, бидејќи од Штипскиот универзитет ја најавија можноста тие во првите две години да студираат во Штип на студиите за политехника. А, како што рече ректорот на штипскиот универзитет Саша Митрев, „ако се создадат подобри услови за активирање на техничките факултети, ќе можат да се префрлат во трета година на саканите студиски програми“. Тоа, со други зборови, значи дека факултетите ќе се приклучат со Штипскиот универзитет, иако ректорот ретерираше во својот став, објавувајќи дека новите технички факултети ќе се отворат, но не кажа каде.

Се' уште не се знае ни кога ќе профункционираат зградите каде што треба да бидат сместени новите факултети - Електротехнички во Радовиш и Машински во Виница. Неизвесно е и кога министерот ќе ја одобри листата на професорите кои треба да предаваат на новите факултети. Прашање е и што ќе се случува со десетината студенти кои се запишаа на новиот Технолошко-технички факултет, кој годинава битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“ го отвори во дотрајаното велешко училиште „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“. Овој факултет се' уште не е официјално отворен оти се чека да пристигне новиот инвентар, а просториите се уште заклучени.

Министерот за образование и наука Перо Стојановски го лути тоа шт�� новинарите известуваат за аномалиите и слабиот интерес на новите технички факултети. Го лути и тоа што новинарите ја пренесоа веста дека токму поради слабиот интерес студентите на новите технички факултети ќе треба да учат во Штип, како што објаснија надлежните. Го лути и што објектите за новите технички факултети се празни. Но, никој не му е виновен на министерот што фактите зборуваат нешто поинаку од она што тој постојано и' го пласира на јавноста како „друг концепт“. „Многу е лошо наспроти еден концепт кој се покажа како успешен и кој покажа дека 78 проценти од средношколците го продолжија своето образование на мала врата да се турка еден друг концепт со кој сакаат да се демотивираат учениците да го продолжуват своето високо образование“, вели министерот Стојановски, на кој му стана навика на прес-конференции работите да ги илустрира спротивставувајќи два концепта.

Одговорните ќе треба да си го постават прашањето што го поставија и упатените, а тоа е недостигаше ли темелна анализа за новите факултети и дали се направија лоши процени за проектот. Ова важи и за министерот за образование, на кого не му прилега да ги игнорира новинарите, да ги спречува да поставуваат прашања (како што е со новинарот на „Утрински“), а уште помалку демонстративно да напушта прес-конференции на кои тој е домаќин!


Статијата е прочитана 835 пати.

Испрати коментар

Од: v'k
Датум: 15.10.2008 00:50:15
Poeftino e vladat da im dade po 20,000 evra stipendija na onie 3 od masinskiot fakultet-vinica da se obrazuvaat vo germanija ili italija otkolku da potrosi mnogu poveke za na kraj da ostanat polupismeni inzineri...
Од: Atanasija
Датум: 15.10.2008 08:55:31
Da, premierot saka poluobrazovani lugje okolu sebe.Toj e onoj sto (ne)znae deka univerzitet ne e zamo zdanie,tuku-nastavniot kadar.Dali,premierot i ministerot za obrazovanie znaat niz kakvi sita i reseta minuvaat univerzitetskite kadri za da se zdobijat so povisoki nastavni zvanja?izgleda ne.Znaat li kolku naucni trudovi -objaveni i priznati im trebaat za da odat stepen nagore?Ne.Znaat li zosto idnite doktori na nauki da se zdobijat so doktorat na odredena objast doktoriraat na univerziteti nadvor od RM,ili od tamu imenuvaat svoi mentori?Ne.A toa e zatoa sto obrazovanieto bara obrazovanie povisoko od ona sto kandidatite go imaat.Vaka,ostanuva se na maalsko nivo.Na mladie,ocigledno ne im treba toa.A patem,Masinskiot vo Skopje ima kadrovski i prostorni moznosti za uste studenti.Zatoa,ne terajte politika so ovie institucii.Otvorajte proizvodni pogoni za tie sto sakaat da ostanat vo svoeto maalo.
Од: kole
Датум: 15.10.2008 16:37:04
Nisto od ovaa prosvetenost, ova e gol populizam, so kratok zdiv... ke vidite... ne se otvora fakultet vo sekoe naseleno mesto... aj tehnicki fakultet vo Vinica... kade ke se absorbiraat potoa tie kadri... kolku inzeneri bara Viniskoto stopanstvo 100??? Sigurno i za eden dvajca sega nema rabota... ova e obicen populizam na nasiot Grujica i negovata verna druzina...
Од: Zagrizen
Датум: 15.10.2008 18:38:01
Mnogu tezok problem za nazata drzava ce bide ako Fakultetot po Nautika i pomornicarstvo vo s. Dolno Dupeni ne proraboti navreme sto moze da ima nepredvidlivi posledici po naseto moreplovstvo.Isto taka zagrizuva faktot sto Kosmodromot vo s. Kuratica kasni so svoite vselenski programi

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Зденко
Претходен број
Инцидентот во Лерин ги вжешти односите
Гошев- Штедачите можат мирно да спијат
Пресметките во врвот се лоши за Македонија
Архипелаг на советскиот терор
Металургијата се наоѓа пред колапс
Соцкапитализам
Коњановски и' го нуди на Грција „Криволак“ за вежби место Лерин
Пратениците бараат помош од ОБСЕ за инцидентот во Леринско
Двокатен Потемкин
Пол Кругман - творец на новата теорија за надворешна трговија
Македонски документи се фалсификувале во Србија
Зошто Македонците сакаат да победи Мекејн?
Дворот и светот
Македонија без јавен сервис?
В петок и в сабота краткотраен дожд, а потоа повторно сончево
Карикатура