Брoj 2812  среда, 15 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Поглед

Двокатен Потемкин

 Билјана Ангеловска

Скопјани, радувајте се! За најмногу две години Владата двојно ќе го засили „крвотокот“ на градот. Ако сега по градските улици крстосуваат 300 стари автобуси, до 2010 година ќе возат исто толку, но на два ката, нови и според најсовремени европски стандарди. Колку е само несовремена Европа без двокатни автобуси низ својот „крвоток“!

Владата ќе му помогне на главниот град и ќе му купи нови автобуси. Ако не може градоначалникот да го стори тоа, тогаш Владата ќе им го олесни животот на скопјани. Владата ќе ја внесе Македонија во Европа и тоа преку Скопје. Затоа ќе гради стокатници во центарот. Висококатниците се симбол за Европа, а уште повеќе за Америка, Дубаи и Катар. Но, за да се разликува од другите европски градови, Скопје ќе има облакодери и надвор од центарот, и тоа 160-катници. Скопје ќе ја внесе Македонија во Европа и со двокатни автобуси. Затоа Владата сакаше да му подари педесетина нови автобуси. Но, набргу сфати дека нема да може да се однесе само со толку (иако двокатни) автобуси, па реши бројката да ја дуплира. Подоцна, за секој случај, одлучи дека треба да купи дури 302 автобуса.

Многу ветувања, малку реалност. Одозгора мазно, одоздола азно, рекол народот. Кога ќе се земе предвид дека целиот проект за автобусите ќе чини стотина милиони евра (само за набавка се потребни 60-70 милиони, плус дополнителните трошоци за преадаптација на автобазите, за обука на возачите, за резервни делови), ќе биде чудо ако се оствари ова. Дали е во прашање само уште една фикција (наближуваат изборите напролет) или реално ветување, останува да видиме. Но, се' некако личи на Потемкинови автобуси. Тогаш нема да чинат ни за Владата ни за граѓаните.


Статијата е прочитана 911 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 15.10.2008 00:19:09
Posle "kompjuter za sekoe dete" doaga "dvospraten avtobus za sekoj skopjanec". A zosto da ne i sto avioni za MAT. Posle "fakultet za sekoj grad" moze da bide i "stokatnica za sekoe selo" Prerodbata prodolzuva.
Од: ma-ne
Датум: 15.10.2008 08:04:58
Фала на возењето за овие неколку месеци, дали беше со едноспратни или двоспратни, важно се изнавозевме. Пред изборите пак ќе се возиме, можеби со метро.
Од: Kire
Датум: 15.10.2008 08:59:21
Da bese veteno od Drzavnikot Branko nemase da se somnevame ama od Grujo sve e za somnevanje pokacuvanje na penzii nema povisoki plati nema sportski sali nema nitu vo Skopje golemata ne se izgradi i eden kup bezbroj raboti ama zatoa od sekoe semejstvo se vrabotija luge po eden bacila se pravat biznis cveta .Da zivee 15 septemvri denot na bitangite.
Од: Benedict
Датум: 15.10.2008 12:54:09
Tramvaj da dvokatni odnapred frleni pari.
Од: kole
Датум: 15.10.2008 16:40:36
Komentarot na Iter Pejo e dovolen, samo so dodatok deka navistina vo ovaa Vlada sedat nedozreani decinja koi si igraat drzava... Ah zalna Makedonijo sto si doceka... da te vodi surina nedokvakani i nezadelkani decista... izgleda 1.06.2008 definitivno si ja zapecativme sudbinata...
Од: Amateri
Датум: 15.10.2008 18:29:52
Pokraj dvospratni avtobusi, oblkoderi, sprtski sali, kompjuter za sekoe dete, Skokalnici "ala Planica", Muzei, statui, podvodni restoranimnogudetni semejstva, a malkite sto ce rodat 4 deca i povece , pokraj dozivotna penzija ce bidat proglasuvani za "Heroi na obnova i razmnozuvanje na nasata anticka nacija" a nivnite sliki i skulpturi ce bidat postaveni na glavnite gradski plostadi. Ex Gaius Caezar Caligula i ti Lucius Domicius Neron, navistina ste vistinski amateri prema ovie nasive!!!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Зденко
Претходен број
Инцидентот во Лерин ги вжешти односите
Гошев- Штедачите можат мирно да спијат
Погрешен концепт
Пресметките во врвот се лоши за Македонија
Архипелаг на советскиот терор
Металургијата се наоѓа пред колапс
Соцкапитализам
Коњановски и' го нуди на Грција „Криволак“ за вежби место Лерин
Пратениците бараат помош од ОБСЕ за инцидентот во Леринско
Пол Кругман - творец на новата теорија за надворешна трговија
Македонски документи се фалсификувале во Србија
Зошто Македонците сакаат да победи Мекејн?
Дворот и светот
Македонија без јавен сервис?
В петок и в сабота краткотраен дожд, а потоа повторно сончево
Карикатура